Жена во Тексас роди шест бебиња за десет минути


Жена во Хјустон, Тексас, САД, роди шест бебиња, за што шансите се еден во 4,7 милијарди.
Телма Чиака роди два пара машки близнаци и еден пар женски во петокот утрото, во болница во Тексас.
Сите шест бебиња се родени во период од 4.50 до 4.59 часот, со тежина од околу 800 грама до 1.300 грама.
Според болницата, бебињата се во стабилна состојба и ќе бидат надгледувани од интензивната неонатална служба.
Тимот што ја породи жената вели дека таа е добро.
Додека Чиака смислува имиња за сите бебиња, од болницата открија дека таа на ќерките им ги дала имињата Зина и Зуриел.
Бидејќи раѓањето шесторки е многу ретко, често завршуваат ваквите случаи на насловните страни.
Во 1968 година, жена во Бирмингам стана првата мајка која родила шест бебиња одеднаш, а ја породувал тим од 28 луѓе.
Џенет Волтон во 1986 година испиша историја кога ги роди своите шест близначки, сите женски во Ливерпул.