Триесет лица повредени во авион на „Туркиш ерлајнс“ поради силни турбуленции


Вкупно 30 лица кои вчера биле на лет од Истанбул до Њујорк биле повредени откако авионот на „Туркиш Ерлајнс“ во кој се наоѓале бил зафатен со силни турбуленции, соопшти денеска авиокомпанијата. – Дваесет и осум од нашите патници и двајца членови на екипажот беа полесно повредени поради турбуленции на нашиот лет кон аеродромот ЏФК во […]

Најдена граната кај американски дипломат во Москва, Стејт департментот се огласи за инцидентот


Портпаролот на Стејт департментот изјави дека гранатата која била пронајдена на московскиот аеродром Шереметјево во багажот на вработен во американската Амбасада не била опасна. – Запознаени сме со инцидентот кој се случи вчера на аеродромот Шереметјево во Москва во кој учествувал службеник на американската Амбасада, рекол портпарол на Стејт департментот. Тој потврди дека „ситуацијата е […]

Официјално: Сите патници во Боингот на „Етиопијан ерлајнс“ се загинати


Сите патници кои биле во авионот на „Етиопијан ерлајнс“ кој се урна кратко по полетувањето загинале во падот, соопштуваат од компанијата, а пренесува „Би-би-си“. Everyone on board Ethiopian Airlines jet died in crash, spokesman says – victims were from 33 nationalities Live updates: https://t.co/yXWOHt8cQd pic.twitter.com/J8z7FfMZMC — BBC Breaking News (@BBCBreaking) March 10, 2019 149 патници […]

Авион на „Етиопијан ерлајнс“ со 157 патници се урна шест минути по полетувањето


Авион на „Етиопиан ерлајнс“ со 157 патници и членови на екипаж денеска се урна шест минути по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба, но се уште нема информации за судбината на луѓето кои биле во леталото. Боингот 737 бил на редовен лет од Адис Абеба до Најроби кога од, за сега непознати причини, се урнал […]

Парламентарни избори во Северна Кореја


Милиони гласачи во Северна Кореја, вклучувајќи го и лидерот Ким Џонг-ун, денеска гласаат на парламентарни избори. Севернокорејците ќе изберат 700 членови на Врховното народно собрание, кое, на хартија, е највисок орган на власт во земјата. Изборите се одржуваат секоја петта година и, како што наведуваат светските агенции, претставуваат повеќе одобрување или многу ретко неодобрување на […]

Дел од Венецуела четврти ден е без струја


Во дел од Венецуела веќе четврти ден нема електрична енергија, а во многу области, вклучувајќи го и Каракас, струја има само од време на време. Во шест од 23 венецуелски држави се уште нема струја, јавуваат светските агенции. Населението нема вода за пиење, а во болниците снемува лекови. Во Венецуела вчера беа одржани два собири, […]

Голем дел од Венецуела пак без струја


Денеска дојде до нов голем прекин во снабдувањето со електрична енергија во неколку региони во Венецуела. Струјата постепено почна да се враќа во домовите на луѓето откако беше прекината пред два дена, но денеска повторно нема струја во области каде што веќе беше обновена. Во исто време, голем пожар избувнал во трафостаница во Боливар, соопшти […]

Во Лондон затворен мост поради сомнително возило


Британската полиција денеска го затвори лондонскиот мост Вестминистер и улиците во близина на Парламентот поради сомнително возило. Портпаролот на полицијата изјави дека припадници на безбедносните сили на лице место го проверуваат возилото во близина на реката Темза, во Викторија ембенкмент и оти локалните улици се затворени за сообраќај. По кратко време, по извршените проверки, полицијата […]

Службеник во Амбасадата на САД во Москва носел бомба на аеродром


Службеник во американската Амбасада во Москва денеска се обидел да влезе во аеродромот Шереметјево носејќи бомба со осигурувач во багажот, но без експлозив. – Аеродромскиот персонал го скенирал багажот на службеникот во Амбасадата на САД и откриле предмет кој изгледал како бомба, изјавил за агенцијата Тас извор од руското Министерство за надворешни работи. Потоа биле […]

Шлаканица од ЕУ за САД: Американците со визи во Шенген зоната од 2021 година


Државјаните на САД од 2021 година ќе мора да вадат визи за земјите од Шенген зоната, се наведува во денешното соопштение на Европската унија (ЕУ). Врз основа на новиот Европски систем за информации и одобрување на патувања ЕТИАС, документот ќе биде неопходен за Американците за влез во било која од земјите потписнички на Шенгенскиот договор. […]

Пентагон до Турција: Земете „Патриот“ од нас, не С-400 од Русија


Пентагон се закани на Турција со „технички последици“ во случај да се реализира купувањето на рускиот противракетен систем С-400, пишува американскиот весник „Хил“. Портпаролот на Пентагон, Чарлс Самерс изјави дека тоа многу лошо ќе се одрази на целокупната воена соработка меѓу САД и Турција. Турција, која е членка на НАТО, планира да купи руски ракетен […]

Пукање во болница во Прага, двајца пациенти повредени


Двајца пациенти се ранети при инцидент со пукање во една болница во Прага, соопшти чешката полиција. Инцидентот се случил Универзитетската клиника Винохради. Во соопштението се наведува дека еден од пациентите почнал да пука во болницата синоќа пред полноќ. Напаѓачот бил сместен во иста соба со двајцата повредени пациенти од кои еден е во тешка состојба. Истрагата […]

„Икеа“ бара дозвола за изградба на прва продавница во Словенија


Шведската компанија за производство на мебел „Икеа“ поднесе барање до словенечкото Министерство за животна средина и просторно планирање за добивање градежна дозвола за изградба на својата прва продавница во Љубљана. Според проценките на компанијата, подготвителните работи можат да почнат ова лето, а изградбата би требало да трае околу една година. Словенечките медиуми пренесуваат дека инвестицијата […]

Жените во Германија почесто запаѓаат во сиромаштија од мажите


Жените во Германија почесто запаѓаат во сиромаштија од мажите, предупреди Партијата на левицата на Меѓународниот ден на жената. Пратеничката Сабине Цимерман од Левицата, која е експерт за социјални прашања, се повикува на податоците на Еуростат, кои, како што вели, покажуваат дека во 2017 година во Германија имало 7,1 милиони жени кои биле изложени на ризик […]

Речиси цела Венецуела е без струја


Големи делови од Венецуела денеска се без електрична енергија по вчерашната хаварија на електродитрибутивната мрежа. Претседателот на државата Николас Мадуро нареди училиштата, државните компании и служби да не работат денеска, за да се олесни работата на тимовите вклучени во поправките на мрежата за дистрибуција на струја. Погодени се 22 од 23 венецуелски држави, и без […]

Вучиќ: Албанците со усвоената Платформа покажаа дека не сакаат дијалог


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека косовските Албанци со усвоената Палатформа, покажале дека никогаш не сакале дијалог и дека ни во иднина нема да го сакаат, а одговорот на Србија ќе биде одлучувачки, сериозен и цврст. – Ние ќе ја зачуваме Србија и српските интереси и не се уплашивме од нивните закани, ниту пак […]

Палмер: Договорот меѓу Приштина и Белград не исклучува и промена на границите


Заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер изјави дека Америка е посветена на постигнување траен договор меѓу Белград и Приштина, кој подразбира меѓусебно признавање, но додаде дека е „сосема можно“ таквиот договор да вклучува и „прилагодување“ на границите. – Ние ја поддржуваме нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Двете страни мора сами да […]

Грција ја условува Албанија за членството во ЕУ


Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за време на неговата посета на Црна Гора, упати порака до официјална Тирана во врска со нејзината европска интеграција. Тој изјави дека Грција не е против интеграцијата на Албанија во ЕУ, но непочитувањето на грчкото малцинство и тврдењата за постоење и права на Чамите (протерани Албанци од областа Чамарија) се две […]

Оставка на финската влада


Финската Влада денеска поднесе оставка поради неможноста да ги спроведе реформите во здравствениот систем, соопшти кабинетот на претседателот на Финска. Шефот на државата, Саули Нинисто ја прифати оставката на премиерот Јухе Сипиле и побара неговата Влада да продолжи да ја извршува должноста во преодниот мандат до именување на нов кабинет. До пад на владата доаѓа […]

Манафорт осуден на 3,9 години затвор


Поранешниот шеф на кампањата на Доналд Трамп, Пол Манофорт е осуден на 47 месеци затвор поради даночни и банкарски измами. Малверзациите беа откриени за време на истрагата на специјалниот истражител Роберт Малер за наводно мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година. Манафорт, кој следниот месец ќе наполни 70 години, беше обвинет во […]