Русија испраќа нови војници во Венецуела


Венецуелскиот заменик-министер за надворешни работи Иван Гил денеска изјави дека не ја отфрла можноста во Венецуела да пристигне уште руски воен персонал, врз основа на договорот кој веќе е склучен со Русија.

Тој исто така рече дека руските сили ќе останат во Венецуела колку што ќе биде потребно, и оти нема никаков лимитиран период за нивниот престој.

– Група воен експерти е во Венецуела во контекст на нашите договори за воено-техничка соработка, изјави Гил.

Кремљ претходно соопшти дека руски воени експерти престојуваат во Венецуела за да реализираат претходно договорени спогодби за снабдување на земјата со руско оружје.

Специјалниот американски претставник за Венецуела минатата недела изјави дека државниот секретар Мајк Помпео има на располагање повеќе опции, вклучувајќи и санкции, и оти Вашингтон ќе одговори на присуството на руските војници во Венецуела.