Во пожар во Дака уништени 25 продавници


Во главниот град на Бангладеш, Дака, во утринските часови изби пожар кој уништи 25 продавници, соопшти Кази Назмужан, претставник на одделот за противпожарна служба и цивилна заштита.
Повеќе од 16 противпожарни единици два часа го гаснеа огнот за да го стават пожарот под контрола.
Во гаснењето на огнот е повреден еден пожарникар.
Засега не е утврдена причината за пожарот.