Најмалку 10 мртви во престрелка меѓу полиција и крадци во Сао Паоло


 

Најмалку десет лица се убиени денеска во престрлка во предградие на Сао Паоло, најголемиот град во Бразил, соопшти полицијата на таа земја.

До размена на оган дошло меѓу припадници на полицијата и лица за кои се сомневаат дека се крадци.

Командантот на полицијата Марио Алвес да Силва пред новинарите рече дека најмалку 25 лица учествувале во различни кражби.