Могерини претставува мурал во центарот на Брисел, посветен на Западен Балкан


Белгија-Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини денеска ќе го претстави новиот мурал, посветен на односите меѓу Западен Балкан и Унијата.

Муралот се наоѓа во центарот на Брисел, а го наслика младиот уметник Рикардо Друшкиќ од БиХ. Муралот е посветен на луѓето од Западен Балкан и ЕУ и нивните длабоки културни врски. Насловен „само со срце се гледа добро“ и нè повикува да се согледаме едни други со отворено срце и без предрасуди, се наведува во соопштението на Европската комисија.

Муралот е финансиран од ЕУ, градот Брисел и традиционалниот бриселски фестивал на балканска култура „Балкан трафик“. Тој е дел од Неделата на култура на ЕУ и Западен Балкан, во организација на Европската служба за надворешни работи, а со цел одбележување на заедничкиот европски идентитет и културни врски меѓу ЕУ и Западен Балкан.