(Видео) Шест лица загинаа при пад на авион врз куќа во Чиле


Најмалку шест лица загинаа во јужниот дел на Чиле откако мал авион се урна во населба во градот Пуерто Монт. По инцидентот, локалните жители повикаа на затворање на аеродромот „Ла Палома“. Авионот „исландер БН-2Б-27“, кој се леташе кон Чаитен се урна во куќа во Пуерто Монт, кратко време по полетувањето во 10:50 по локално време, […]

Пожарот во Нотр Дам ја зголеми продажбата на романот на Виктор Иго


Франција- Најголемата светска интернет продавница Амазон соопшти дека се зголемила продажбата на романот „Богородичната црква во Париз“ на францускиот писател Виктор Иго во оригинална верзија на француски јазик, по пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз. Амазон додаде дека е зголемена продажбата и на англиската верзија на романот од 1831 година. Приказната за физички деформираниот […]

Проширувањето кон Западен Балкан да остане приоритет на следната ЕК


Следниот состав на Европската комисија би требало политиката на проширување кон Западен Балкан да ја задржи како еден од своите приоритети, е главната порака од Форумот на цивилно општество на Западен Балкан одржан во Тирана. Во завршната декларација од дводневниот Форум се повикува и на понатамошна економска интеграција на регионот со укинување на сите неправедни […]

ФБИ трага по девојка „опседната со масакр во училиште“, затворени 20 училишта


Најмалку 20 училишта се затворени на подрачјето на Денвер, САД и откажана е наставата затоа што полицијата трага по жена која, како што наведуваат е опседната со масакрот во средното училиште Колумбин. Девојката е вооружена. Полицијата наведува дека се трага по Сол Паис (18), за која на Фејсбук објавија дела е вооружена и многу опасна, […]

И Исланд го реши спорот со името


Скандинавската островска земја Исланд го реши спорот со името што неколку години го имаше со истоимениот ланец на супермаркети од Британија. Исланд (земјата) и Исланд(супермаркетот) се препукуваа кој има поголеми права над името да го користи како заштитена трговска марка. Сега на тие преговори и натегања конечно им дојде крајот. Канцеларијата за интелектуална сопственост при […]

Први резултати од изборите во Индонезија: Видодо во водство


Според првите прелиминарни резултати од претседателските избори во Индонезија, актуелниот шеф на државата Џоко Видодо води за меѓу 10 и 12 отсто од гласовите во однос на својот ривал, поранешниот генерал Прабово Субианто. Таквите резултати се во согласност со истражувањата на јавното мислење, кои предвидоа дека Видодо е на пат да освои втор петгодишен мандат. […]

Видеоснимка од дрон која го покажува размерот на катастрофата на црквата Нотр Дам


Франција се уште е во шок од пожарот што ја зафати катедралата Нотр Дам. Популарната катедрала гореше цели девет часа, а повеќе од 400 пожарникари се обидуваа цела вечер да го стават пожарот под контрола. На интернет се појавија и снимки од дрон кои го покажуваат размерот на оваа катастрофа. Речиси една милијарда долари се […]

„Мајкрософт“ потврди упад на хакери во приватни мејлови од Аутлук


„Мајкрософт“ потврди дека хакери успеале да пристапат до корисниците на приватна пошта на Аутлук. Американскиот производител на софтвер почна да ги информира корисниците дека хакери упаднале во нивните налози со месеци наназад. Соопштението на „Мајкрософт“ открива дека хакерите можеле да ги видат имињата на фолдери во мејловите, додека во ново следно известување се укажува дека […]

Трамп третпат ја одбива поканата за вечера со новинарите


Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одржи собир во Висконсин истата ноќ кога се одржи и годишната вечера на репортерите од Белата куќа во Вашингтон, со што третпат по ред нема да присуствува на тој настан. Собирот во Висконсин на 27 април е најавен од кабинетот на Трамп, во рамки на неговата кампања. Тој во оваа […]

Речиси една милијарда долари собрани за обновување на Нотр Дам


Речиси една милијарда долари се собрани од верници и моќни деловни магнати ширум светот за обновување на катедралата Нотр Дам во Париз, која е оштетена од катастрофалниот пожар што избувна пред два дена. Градежни тимови утрово поставија голем кран и испорачаа дрвени плочи во близина на катедралата. Францускиот претседател Емануел Макрон одреди петгодишен рок за […]

Активистка што протестирала против вакцини заврши во затвор во Кина


Кинеска активистка за строги инспекции на вакцини е уапсена пред повеќе од еден месец, изјави денеска нејзиниот сопруг, откако таа учествувала во протест поради погрешни вакцини. Според полициските документи што на интернет ги објави Ли Ксин, неговата сопруга Хе Фангмеи поради „кривично дело“ е спроведена во затворскиот центар Ксинџијанг во централниот дел на кинеската провинција […]

Мета стравува дека и други земји може да ги укинат визите кон Албанија


Албанскиот претседател Илир Мета, коментирајќи ја одлуката на холандскиот парламент за суспензија на безвизниот режим со Албанија, оцени дека Тирана треба да направи се што е во нејзина моќ, со цел таа одлука да не предизвика домино ефект, па и други земји да почнат да го враќаат визниот режим за албанските граѓани. – Постапката на […]

Светската музичка индустрија лани заработила 19,1 милијарди долари


Светската музичка индустрија заработила 19,1 милијарди долари во 2018 година, најмногу од 2006 година, соопшти Меѓународната федерација на фонографски индустрии (ИФПИ). Приходите на музичките издавачи минатата година се зголемија за 9,7 отсто во однос на највисоката заработувачка остварена во 2006 година. Тоа зголемување првенствено се должи на силниот раст на приходот од дигиталното музичко емитување […]

Поради „доцнење на платата“ подметнал пожар, па ги убивал соседите кои бегале од огнот


Јужнокорејската полиција уапси 42-годишен маж обвинет за подметнување пожар и убиство на пет лица. Според полицијата, уапсениот прво подметнал пожар во неговиот стан, a потоа со нож ги напаѓал соседите кои се обидувале да побегнат од опожарената зграда. Притоа, тој усмртил пет лица, меѓу кои и едно 12-годишно девојче, а им нанел повреди на уште […]

СЗО предупредува: Украина, Мадагаскар, Индија, Бразил – епидемии од морбили


Светската здравствена организација соопшти дека бројот заболени од мали сипаници ширум светот во првите три месеци од 2019 година се зголемило за четири пати. СЗО наведува дека епидемиите се бележат во сите делови од светот, а најдраматичен раст е забележан во Африка – повеќе од 700 отсто, пренесе BBC. Вистинските бројки може да бидат многукратно […]

Њујорк најавува нови мерки против морбили


САД-Официјални лица во Њујорк и предградието Рокленд најавија нови мерки во борба против ширењето морбили. Властите имаат проблеми со епидемијата на мали сипаници во екстремни православни еврејски населби, кои се борат и со тужби за обидот на воведување задолжителна вакцинација. Како мерка се планира на заболените од морбили да им се нареди да не ја […]

Собрани 600 милиони евра, Макрон верува дека Нотр Дам ќе биде обновен за пет години


Претседателот на Франција Емануел Макрон изрази уверевање дека Нотр Дам во рок од пет години ќе биде обновен, откако во синоќешниот голем пожар оваа катедрала е многу оштетена. -Ние повторно ќе го изградиме Нотр Дам, катедралата ќе биде уште поубава, а јас сакам се да заврши во рок од пет години, изјави Макрон, дополнувајќи дека […]

Насловната на „Шарли Ебдо“ во центарот на вниманието: Нотр Дам гори на главата на Макрон


Симболот на Париз, катедралата Нотр Дам, изгоре во страшен пожар. Светските медиуми пишуваат за несреќата, а насловната страница на овој настан ја посвети и „Шарли Ебдо“. Сатиричниот француски весник кој во центарот на вниманието дојде во јануари 2015 година по терористичкиот напад, со својата насловна страница повторно дојде во фокусот на јавноста. Претседателот на Франција […]

Противпожарниот аларм во Нотр Дам се огласил двапати, но првиот пат не виделе оган


Досега се сослушани околу 30 лица во врска со синоќешниот пожар во катедралата Нотр Дам, соопшти претставник на париското правосудство. Најголемиот дел од нив работеле на реставрација на катедралата. Според претставникот на париското правосудство, кој побарал да остане анонимен, противпожарниот аларм синоќа се огласил двапати. Првиот пат, неколку луѓе, меѓу кои и пожарникари кои биле постојано […]

Конгресот побара „Дојче банк“ да сведочи за Трамп, демократите во исчекување на целосниот текст на извештајот на Малер


Американскиот Конгрес испрати покани до високи официјални личности од „Дојче банк“ да сведочат пред комитетите за финансии и разузнавање на Претставничкиот дом за финансиските работи на американскиот претседарел Доналд Трамп, јави „Ен-Пи-Ар“. Со овој чекор демократите укажуваат дека продолжуваат со истрагата и откривањето на информации за можни криминални активности на Трамп и негови бизнис партнери. […]