(Видео) Шест лица загинаа при пад на авион врз куќа во Чиле


Најмалку шест лица загинаа во јужниот дел на Чиле откако мал авион се урна во населба во градот Пуерто Монт. По инцидентот, локалните жители повикаа на затворање на аеродромот „Ла Палома“.

Авионот „исландер БН-2Б-27“, кој се леташе кон Чаитен се урна во куќа во Пуерто Монт, кратко време по полетувањето во 10:50 по локално време, при што загинаа пет патници и пилотот на авионот, потврди гувернерот на регионот Лос Лагос, Хари Јургенсен.

На снимките од местото на настанот се гледа авионот, кој ѝ припаѓа на компанијата „Ерхипелагос“, како гори во внатрешноста на една куќа додека пожарникарите се обидуваат да го спречат огнот да се прошири на соседните објекти. Една од куќите беше „целосно изгорена“ во инцидентот, изјави гувернерот.