И Исланд го реши спорот со името


Скандинавската островска земја Исланд го реши спорот со името што неколку години го имаше со истоимениот ланец на супермаркети од Британија.

Исланд (земјата) и Исланд(супермаркетот) се препукуваа кој има поголеми права над името да го користи како заштитена трговска марка.

Сега на тие преговори и натегања конечно им дојде крајот. Канцеларијата за интелектуална сопственост при Европската унија донесе одлука дека Исланд (земјата) ги има правата да го користи името за бизнис цели.

Кога на пазарот станаа влијателни британските супермаркети по име „Исланд“, тогаш земјата Исланд реши да бара од нив да го променат името. На тоа сопственикот на ланецот супермаркети им одгвори: „Вие има само 330 илјади жители, а ние имаме милиони муштерии во текот на еден ден. Вие сменете го името.“

Сепак, правата на крајот и припаднаа на земјата Исланд.