ФБИ трага по девојка „опседната со масакр во училиште“, затворени 20 училишта


Најмалку 20 училишта се затворени на подрачјето на Денвер, САД и откажана е наставата затоа што полицијата трага по жена која, како што наведуваат е опседната со масакрот во средното училиште Колумбин. Девојката е вооружена.
Полицијата наведува дека се трага по Сол Паис (18), за која на Фејсбук објавија дела е вооружена и многу опасна, како и дека не е закана само по одредени лица или училишта.

Ги молат граѓаните, доколку ја видат оваа тинејџерка, да се јават во ФБИ, но дека никако не треба да ѝ приоѓаат.

На денешен ден во 1999 година Ерик Харис и Дилан Клеболд убија 13 ученици во средното училиште Колумбин.