Генерал-мајор Аленка Ерменц, прва жена началник на ГШ на словенечките вооружени сили


Словенија прва од земјите членки на НАТО назначи офицер жена за водач на армијата. Генерал-мајор Аленка Ерменц е началник на Генералштабот на словенечките вооружени сили. Во интервју , генерал-мајор Ерменц, нагласува дека во врска со фактот дека има значително повеќе мажи отколку жени во војската, жената навистина мора да се докажува малку повеќе. Но, истакнува, […]

Могерини: Слободата на медиумите е столб на демократијата


Белгија – По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, кој се одбележува денеска, високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини истакна дека „слободниот печат не е само весник за сигурни и точни информации, туку е и столб на демократијата“. – Слободни, разновидни и независни медиуми се основа на плуралистичко и отворено општество. […]

Северозападниот дел од Сирија бомбардиран со барел бомби


Училишта, медицински објекти и станбени подрачја во северозападниот дел на Сирија, што е под контрола на бунтовниците, погодени се од најжестоко бомбардирање со барел бомби во последните 15 месеци, изјави регионалниот хуманитарен координатор на Обединети нации Панос Мумцис. Руските и сириските сили ги интензивираа воздушните напади и го гранатираа северозападниот  регион во текот на ноќта. […]

Асанж најави борба против екстрадицијата во САД


Основачот на Викиликс Џулијан Асанж пред Судот во Лондон денеска изјави дека ќе се бори против испорачување во САД, кои го товарат за завера поради хакирање на компјутерите на владата. На прашањето дали се согласува да биде испорачан во САД, Асанж рече дека се противи на екстрадицијата поради, како што рече, новинарството кое освои многу […]

Албанците од јужна Србија бараат да бидат дел од дијалогот Белград-Приштина


Албанците од јужна Србија започнаа иницијатива за вклучување во завршната фаза од дијалогот Белград-Приштина. Иницијативата ја потпишаа претседателот на Националниот совет на Албанците, Рагми Мустафа, градоначалникот на Бујановац, Шаип Камбери и пратеникот во Собранието на Србија од таа општина, Фатмир Хасани. Писмото со иницијативата го испратија до шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, до претседателот […]

Турското обвинителство почна истрага за нерегуларностите на изборите во Истанбул


Главното обвинителство во Истанбул почна 32 одвоени истраги поврзани со жалби за нерегуларности на локалните избори на 31 март во Малтепе, Аташехир и Кадикој, пишува весникот „Сабах“ цитирајќи извештај на агенцијата Анадолија. Некои од жалбите за неправилности за време на пребројувањето и процесите за внесување на податоци се поднесени од страна на владејачката Партија на […]

Путин потпиша закон за создавање руски интернет


Русија е чекор поблизу до создавање сопствен интернет, одделен од остатокот од светот. Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за создавање на национална мрежа што би функционирала независно од глобалниот интернет. Новиот закон има за цел да ја заштити Русија од странски ограничувања преку создавање на „одржлив, безбеден и целосно оперативен” локален интернет. Меѓутоа, рускиот […]

Абе: Подготвен сум за средба со Ким без предуслови


Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека е подготвен за средба „без предуслови” со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, со цел да бидат воспоставени дипломатските односи меѓу двете соседни земји. Абе во интервју за денешното издание на весникот „Санкеј шимбун“.побара средба со Ким за да бидат регулирани особено споровите околу премногу чувствителната тема за Јапонците – киднапираните […]

Трамп го покани Орбан на „работна средба” овој месец


Унгарскиот премиер Виктор Орбан е поканет на „работна средба“ од американскиот претседател Доналд Трамп, која треба да се одржи на 13 мај. Тоа беше соопштено од портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач. Средбата ќе се фокусира на енергетската безбедност, одбранбената соработка, билатералните односи. Во јули 2016 година, Орбан беше првиот национален лидер во Европската унија, […]

Во Индија поради тропски циклон евакуирани 800.000 луѓе


Индиската Влада е во состојба на готовност, додека источниот брег на земјата се подготвува за удар на тропски циклон. Официјални лица изјавија дека мораат да евакуираат 800.000 луѓе од државата Одиша на побезбедни места. -Околу 20.000 луѓе веќе се преселени, изјави Прабхат Ранјан Мохапатра, висок офицер во канцеларијата за итна помош. Тој соопшти дека тимовите […]

Еден загинат и над 40 повредени во судирите во Венецуела


Една девојка загина и 46 лица се повредени во Каракас каде опозицискиот лидер Хуан Гуаидо повика на генерален штрајк во обид да биде симнат од власт претседателот Никоас Мадуро. Мадуро зад себе се уште ги има како поддршка армијата и ветува казни за „предавниците“ одговорни за неуспешниот преврат. Венецуелски невладини организации потврдија дека 27-годишната Јурубит […]

Ирански танкер бара помош од Саудиска Арабија


Крајбрежната стража на Саудиска Арабија му помага на ирански танкер за превоз на нафта, кој се наоѓа во Црвено Море, откако испрати повик за помош до Саудиска Арабија поради дефект на моторот и губење контрола врз пловниот објект. Иран, чиј танкер со нафта минатата година доживеа катастрофална несреќа во Источното Кинеско Море во која животот […]

Усвоен закон: Наставниците на Флорида ќе може да носат оружје во училница


  Конгресот на американската држава Флорида усвои закон со кој се дозволува на наставниците да носат пиштол во училница.   Законот е усвоен како мерка за спречување ситуации какво што беше смртоносното пукање во средното училиште во Паркленд, минатата година. Парламентот на Флорида, во кој мнозинство имаат републиканците, гласаше со 65 гласови „за“, додека 47 […]

ЕУ ќе преземе мерки против одлуката на САД за Куба


Белгија – Европската Унија со мерки ќе одговори на одлуката на американските власти да дозволат стапување во сила на законот Хелмс-Бартон, најави шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини. Законот Хелмс-Бартон им овозможува на Кубанците во егзил да бараат компензации од приватни лица и компании кои тргуваат со Куба. Од овој закон е изгласан во 1996 година, […]

Од Конгресот побарано уште 4,5 милијарди долари за мигрантите


САД – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот дополнителни 4,5 милијарди долари поради ситуацијата на границата со Мексико, каде недостасуваат финансии за нега и сместување на мигрантите од Централна Америка, чиј прилив е зголемен. Бројот на семејствата кои пристигнуваат на границата е поголем од бројот на поединците, а потребите на семејствата се значително […]

Извинување на Асанж: Го направив единственото што можев да го направам


Англија – Основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој вчера во суд во Лондон беше осуден на 50 недели затвор поради кршење на условната слобода, им се извини на сите кои сметаат дека не им покажал почитување, истакнувајќи дека тоа не била негова намера. Асанж во писмо, кое вчера беше прочитано пред судот, наведе дека во […]

Лавров: Потезите на САД ќе имаат страшни последици


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во телефонски разговор го предупреди американскиот државен секретар Мајк Помпео дека доколку САД продолжат со агресивни потези против Венецуела тоа ќе има страшни последици. – Се забележува дека постојаните агресивни чекори ќе имаат најдраматични последици, се наведува во соопштението на руското МНР. Лавров, исто така, го осуди […]

Најава за нови нереди во Каракас: Гуаидо ги повика поддржувачите да продолжат каде што застанаа


Опозиционерите во Венецуела повторно денес ќе се зоберат на масовни протести, откако опозицискиот лидер Хуан Гуаидо ги повика на нови демонстрации. Сето ова се случува откако претседателот Николас Мадуро изјави дека ја запрел опозицијата да направи државен удар. „Денеска продолжуваме, со уште поголема сила“. Гуаидо вели дека сега вооружените сили ги враќаат демонстрантите, но Мадуро […]

Хаос во Италија: Во пресметката на демонстрантите и полицијата повредени три лица


Двајца демонстранти и еден полицаец се повредени денеска во немирите на протестот пред железничкиот тунел во изградба кој ќе ги поврзе Италија и Франција. Групата демонстранти, меѓу кои се и членовите на Движењето пет ѕвезди, се собра пред тунелот против чија изградба се противат. Едно од локалните официјални лица во Торино, Дамијано Карето, наведе на […]

Болсонаро: Пукнатините во венецуелската војска можат да ја соборат власта


Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави денеска дека пукнатините во војската на Венецуела би можеле да доведат до соборување на социјалистичката Влада на Николас Мадуро. Болсонаро истакна дека неговата Влада немала контакти со САД по прашањето за користење на територијата на Бразил како база за евентуална воена интеревенција во Венецуела. Доколку Вашингтон би го контактирал во […]