Хаос во Италија: Во пресметката на демонстрантите и полицијата повредени три лица


Двајца демонстранти и еден полицаец се повредени денеска во немирите на протестот пред железничкиот тунел во изградба кој ќе ги поврзе Италија и Франција.

Групата демонстранти, меѓу кои се и членовите на Движењето пет ѕвезди, се собра пред тунелот против чија изградба се противат.

Едно од локалните официјални лица во Торино, Дамијано Карето, наведе на Фејсбук дека полицијата со пендрак го удрила по главата и раката, пренесува агенцијата АП.

Тунелот за брзи возови на релација Торино-Лион е долг 57,7 километри и е еден од клучните железнички проекти на Европската Унија.