Најава за нови нереди во Каракас: Гуаидо ги повика поддржувачите да продолжат каде што застанаа


Опозиционерите во Венецуела повторно денес ќе се зоберат на масовни протести, откако опозицискиот лидер Хуан Гуаидо ги повика на нови демонстрации.

Сето ова се случува откако претседателот Николас Мадуро изјави дека ја запрел опозицијата да направи државен удар.

„Денеска продолжуваме, со уште поголема сила“.

Гуаидо вели дека сега вооружените сили ги враќаат демонстрантите, но Мадуро вели дека не се свртеле против него.

Во своето телевизиско обраќање во вторникот Мадуро ги обвини демонстрантите за сериозни злосторства кои нема да минат неказнето, како и дека САД кова завера против него.

За потсетување, Гуаидо себе си се прогласи за привремен лидер на Венецуела во јануари, а го признаа повеќе од 50 земји, вклучително и САД, Велика Британија и поголемиот дел од Латинска Америка.

Меѓутоа, Мадуро, со поддршка на Русија, Кина и врвот на војската на земјата, одби да го препушти водството на својот ривал.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека воената акција би била возможна ако е потребно, но дека сега повеќе би сакале мирољубива транзиција на власта.

„Тој планира подоцна да разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров“, изјави советникот за национална безбедност Џон Болтон.

Претходно денес, Гуаидо на Твитер ги објави локациите на кои ќе се собираат опозиционерите денеска.

Опозицијата тврди дека протестите се одржувале ширум Венецуела.