Болсонаро: Пукнатините во венецуелската војска можат да ја соборат власта


Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави денеска дека пукнатините во војската на Венецуела би можеле да доведат до соборување на социјалистичката Влада на Николас Мадуро.

Болсонаро истакна дека неговата Влада немала контакти со САД по прашањето за користење на територијата на Бразил како база за евентуална воена интеревенција во Венецуела.

Доколку Вашингтон би го контактирал во врска со тоа, Болсонеро вели дека за да донесе таква одлука ќе го вклучи својот совет за одбрана и Конгресот.

Тој го поддржува опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој ја повика војската во Венецуела да му се спротивстави на Мадуро.