Од Конгресот побарано уште 4,5 милијарди долари за мигрантите


САД – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот дополнителни 4,5 милијарди долари поради ситуацијата на границата со Мексико, каде недостасуваат финансии за нега и сместување на мигрантите од Централна Америка, чиј прилив е зголемен.

Бројот на семејствата кои пристигнуваат на границата е поголем од бројот на поединците, а потребите на семејствата се значително поголеми од потребите на поединците.

Се очекува оваа година на границата меѓу САД и Мексико да пристигнат околу еден милион мигранти, што е најголем број од 2000 година. Граничните станици не се конструирани да им обезбедат сместување на толку голем број луѓе.