Усвоен закон: Наставниците на Флорида ќе може да носат оружје во училница


 

Конгресот на американската држава Флорида усвои закон со кој се дозволува на наставниците да носат пиштол во училница.

 

Законот е усвоен како мерка за спречување ситуации какво што беше смртоносното пукање во средното училиште во Паркленд, минатата година.

Парламентот на Флорида, во кој мнозинство имаат републиканците, гласаше со 65 гласови „за“, додека 47 беа против законот, пренесе АП:

Се очекува републиканскиот сенатор Рон де Сантис да го потпише предлог-законот.

Новата мерка ќе им овозможи на училиштата да учествуваат во волонтерската програма „Гардијан“ со која на наставниците кои ќе поминат 144 часа обука по што ќе може да носат оружје ако тоа им го дозволат локалните школски одбори.

Наставниците кои ќе сакаат да носат оружје, ќе мора да поминат обука со полицијата и психолошка проценка.

Поранешен ученик на 14 февруари 2018 година влезе во средното училиште во Паркленд вооружен со полуавтоматска пушка и почна да пука, при што уби 17 лица, а рани уште толку. По неколкуте такви инциденти во училишта ширум САД, прв кој се залагаше за тоа наставниците да имаат оружје со кое би спречиле вакви масовни убиства во училиштата беше претседателот Доналд Трамп.