Мелони разговараше со Трамп и Зеленски за војната во Украина


Италијанската премиерка Џорџа Мелони телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, за војната во Украина, соопшти канцеларијата на Мелони, цитирана од италијанската новинска агенција АНСА. Во соопштението за медиумите се вели дека „Мелони разговарала со своите соговорници за тековните …

Мелони разговараше со Трамп и Зеленски за војната во Украина Read More »

Новата операција во Газа е „смртна казна“ за заложниците, предупредуваат нивните роднини


 Новата операција во Појасот Газа, за која израелскиот кабинет донесе одлука денеска, е „смртна пресуда“ за заложниците кои остануваат во заробеништво на палестинската територија, предупредија нивните роднини, цитирани од ДПА. Форумот на семејствата на заложниците соопшти дека одлуката на израелскиот кабинет за операцијата во Газа е официјална потврда дека заложниците ќе бидат оставени, и ќе …

Новата операција во Газа е „смртна казна“ за заложниците, предупредуваат нивните роднини Read More »

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел


Берлин – Германската влада нема да одобри никаков извоз на воена опрема во Израел што би можела да се користи во Појасот Газа до понатамошно известување, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, во врска со планот на Израел да ги прошири своите воени операции на палестинската територија. Ослободувањето на израелските заложници и преговорите за прекин на …

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел Read More »

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите


Брисел – Жените во Европската Унија имаат просечно 63,3 години здрав живот, односно живот без ограничувања во активностите, додека кај мажите тој број е нешто понизок – 62,8 години, соопшти денеска Европската служба за статистика (Евростат). Како што се наведува, жените живеат 5,3 години подолго од мажите – просекот кај жените во ЕУ е 84, а …

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите Read More »

Каспаров: Трамп се преправа дека „се фрустрира од Путин“


Нема да се сретне, па ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин – ако не седи на маса и украинаскиот претседател Володомир Зеленски.  Шпанскат серија наречена преговори за мир во Украина продолжува, а никој не верува во успех, освен ако Трамп не ги „предаде“ интересите на Киев, т.е. направи остапки кон Русија. И самиот …

Каспаров: Трамп се преправа дека „се фрустрира од Путин“ Read More »

Трамп ја позлати Белата куќа, се повеќе личи на палатата на „царот“ Путин


  Секој американски претседател прави нови избори за внатрешен дизајн при влегувањето во Белата куќа, честопати одразувајќи ги своите лични вкусови или политички ставови.Доналд Трамп ја донесе својата љубов кон максимализмот и златниот мебел во Овалната соба. Тој додаде златни украси на ѕидовите, таванот и каминот, ја реновира  Градината со рози и најави планови за …

Трамп ја позлати Белата куќа, се повеќе личи на палатата на „царот“ Путин Read More »

Како изгледа палатата „Версај“ на Орбан?


Палатата на Виктор Орбан, која наликува на комплесот Версај,  според унгарските медиуми вреди 30 милиони евра. Тој тврдеше дека тоа е само фарма на неговиот татко, која сè уште не е функционална, но енергетската дозвола пронајдена од опозицискиот пратеник Акос Хаџази покажува дека таа има резиденцијални функции. Ова село во близина на Будимпешта е окупирано …

Како изгледа палатата „Версај“ на Орбан? Read More »

Монструозно: Русија објави „каталог“ на киднапирани украински деца за посвојување


Русија веќе дури и не се обидува да го скрие киднапирањето на украински деца. Од неделава отворено тргува со нив. На официјални платформи, украинските сирачиња се прикажуваат како производи на онлајн пазар: Фотографии со цело лице. Возраст. Боја на очи. Здравствена состојба. Дури и „ниво на послушност“. Филтрирање. Сортирање. Избор. Ова не е грижа. Тоа …

Монструозно: Русија објави „каталог“ на киднапирани украински деца за посвојување Read More »

Трамп: Примирјето во Украина зависи од Путин


Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека примирјето меѓу Русија и Украина „зависи“ од рускиот претседател Владимир Путин. -Зависи од него, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали рокот за Путин да се согласи на примирје е сè уште на сила. Ќе видиме што има да каже. Сè зависи од него. Многу …

Трамп: Примирјето во Украина зависи од Путин Read More »

САД нудат награда од 50 милиони долари за апсење на венецуелскиот претседател Мадуро


Соединетите Американски Држави нудат награда од 50 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, изјави вчера американската државна обвинителка Пем Бонди. Во видео објавено на „X“, Бонди го обвини Мадуро за соработка со групи, вклучувајќи ја венецуелската затворска банда Трен де Арагуа и нарко-картелот Синалоа. Според американскиот Стејт …

САД нудат награда од 50 милиони долари за апсење на венецуелскиот претседател Мадуро Read More »

Зеленски сака поголемо европско влијание во преговорите за Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во видео обраќање изјави дека е потребно поголемо европско влијание во тековните преговори меѓу САД и Русија за прекин на војната во Украина. -Сите одлуки што треба да се донесат за да се заврши оваа војна и да се обезбеди безбедноста, всушност влијаат на цела Европа, рече украинскиот претседател. Зеленски …

Зеленски сака поголемо европско влијание во преговорите за Украина Read More »

Трамп не исклучува поголеми царини за Кина за да ја запре војната во Украина


Американскиот претседател Доналд Трамп ги користи царините како алатка за надворешна политика со воведување секундарни царини за индиска стока затоа што Индија купува руска нафта, изјави министерот за финансии Скот Бесент во интервју за Фокс њуз. „Претседателот Трамп ги користи царините како инструмент за надворешна политика и наметнува секундарни царини за Индија затоа што купува …

Трамп не исклучува поголеми царини за Кина за да ја запре војната во Украина Read More »

Трамп ќе биде домаќин на лидерите на Азербејџан и Ерменија на официјална церемонија за потпишување мировен договор


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска ќе биде домаќин на лидерите на Азербејџан и Ерменија на „формална церемонија на потпишување на мировен договор“ во Белата куќа. Во објава на својот профил на социјалните мрежи, Truth Social, Трамп исто така рече дека САД ќе потпишат и билатерални економски договори со двете земји. Двете земји, кои …

Трамп ќе биде домаќин на лидерите на Азербејџан и Ерменија на официјална церемонија за потпишување мировен договор Read More »

Најмалку петмина загинати во израелски напад во Либан


 Најмалку пет лица загинаа во израелски напад во Либан, објави синоќа либанското Министерство за здравство. Според Министерството за здравство, уште 10 лица се повредени во израелскиот напад врз граничниот премин Масна, кој се наоѓа на либанско-сириската граница. Израелската армија сè уште не го коментирала нападот. Од крајот на ноември минатата година е во сила прекин …

Најмалку петмина загинати во израелски напад во Либан Read More »

Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за заземање на градот Газа


Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за заземање на градот Газа, објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Во соопштението се вели дека израелската војска ќе се подготви да ја преземе контролата врз градот Газа. Одлуката, донесена рано утрово, означува нова ескалација во 22-месечната офанзива на Израел, која започна …

Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за заземање на градот Газа Read More »

Русија во дигитален мрак, се почесто и се подолго Кремљ го блокира интернетот


Во Ростовскиот регион во западна Русија, Татјана повторно го зема телефонот со слаба надеж дека ќе може да стапи во контакт со своите пријатели или семејство. Поминаа денови откако таа не можеше да се поврзе на интернет, да отвори мапа, да ја префрли платата или да користи која било друга од нејзините безбројни апликации.Постои добра …

Русија во дигитален мрак, се почесто и се подолго Кремљ го блокира интернетот Read More »

Орбан: Моќни групи во Брисел се заинтересирани за продолжување на војната


„Постои група, лидерите на Унијата, кои седат во Брисел, тие се бриселските бирократи, кои мислат дека секоја криза е за постигнување федерални, т.е. за промени што ги намалуваат овластувањата на земјите-членки и ја зајакнуваат и централизираат моќта на центарот. Сепак, интересно е што без разлика каква криза имало во последните 15 години, финансиска криза, миграциска …

Орбан: Моќни групи во Брисел се заинтересирани за продолжување на војната Read More »

Европа со „штит“ за новинарите: Почнува имплементацијата на клучна регулатива


Брисел – Европскиот закон за слобода на медиумите (EMFA), клучен закон за заштита на новинарската независност во ЕУ, стапува на сила в петок, 8 август. Целта на законот е да ја заштити независноста и плурализмот на медиумите, како од политичко мешање, така и од влијанието на големите приватни групи. Фокусот е на проблеми како што …

Европа со „штит“ за новинарите: Почнува имплементацијата на клучна регулатива Read More »

Камбоџа го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир


Камбоџанската влада официјално го номинираше американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, нагласувајќи дека неговиот притисок врз Пном Пен и Бангкок придонел за прекин на огнот во неодамнешниот вооружен конфликт меѓу Камбоџа и Тајланд. Во писмо упатено до норвешкиот Нобелов комитет, камбоџанскиот премиер Хун Манет оцени дека интервенцијата на Трамп помогнала да се …

Камбоџа го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир Read More »

Дејствијата на Израел во Газа „многу личат“ на геноцид, вели висок функционер на ЕУ


БРИСЕЛ — Во една од најсилните осуди на Брисел кон Израел од почетокот на војната, висок функционер на Европската унија рече дека гладувањето, раселувањето и убивањето во Газа „многу личат“ на геноцид. Во коментарите за Politiko извршната потпретседателка на Европската комисија, Тереза Рибера, изјави: „Она што го гледаме е конкретно население кое е цел на …

Дејствијата на Израел во Газа „многу личат“ на геноцид, вели висок функционер на ЕУ Read More »