Врвен експерт за вакцини oткрива низа пропусти во Министерството за здравство на САД


Високопоставен специјалист во американското Министерство за здравство, синоќа поднесе жалба до независното државно обвинителство (ОСЦ) за низа пропусти во работењето на високи официјални лица во министерството. Д-р Рик Брајт до неодамна беше заменик во министерството и како специјалист за развој на вакцини директоруваше со Управата за биомедицински напредни истражувања (БАРДА). Тој одговарал на д-р Роберт […]

Компанијата „Гилеад“ преговара за производство на лекот „ремдесивир“ за Европа и Азија


Американската компанија „Гилеад Сајанс“ соопшти дека преговара со производителите на хемиски производи и лекови за производство на антивирусниот лек „ремдесивир“ за Европа, Азија и земјите во развој до крајот на 2022 година. Компанијата исто така соопшти дека преговара за долгорочно лиценцирање со неколку производители на генерички лекови во Индија и Пакистан за тие да го […]

Велика Британија ја надмина Италија по бројот на жртви од корона вирус


Повеќе од 32.000 луѓе починаа во Велика Британија од ковид-19, што е најголем број во Европа, покажуваат денешните податоци. Според наводите на Канцеларијата за национална статистика, 29.648 лица починале од 24 април во Англија и Велс, од ковид-19, пренесе Ројтерс. Кога на тоа ќе се приклучат податоците за починати во Шкотска и Северна Ирска, бројот […]

Бројот на смртни случаи од ковид-19 во Франција за 24 часа се зголеми за 330


Франција во изминатите 24 часа забележа 330 нови смртни случаи поради корона вирусот, со што вкупниот број достигна 25.531 смртни случаи. На болничко лекување се уште се наоѓаат 24. 775 лица, од кои 3.430 на интензивна нега.

Италија изброи најмалку новозаболени од ковид-19 од 10 март наваму


Италија денеска забележа најмалку новозаболени од корона вирус од 10 март наваму, додека секојдневно расте бројот на оздравени пациенти, покажуваат податоците од Цивилната заштита. Во последните 24 часа во Италија корона вирусот е потврден кај 1.075 лица, што претставува пад од минус 12 отсто во однос на вчера кога беа регистрирани 1.221 нов случај. Најмногу […]

Во Словенија се отвораат градинките и училиштата на 18 мај


Министерството за образование, наука и спорт на Словенија објави дека на 18 мај и дефинитивно се отвораат училиштата и градинките, јави дописникот на МИА од Љубљана. Сите приватни и државни градинки ги прават последните подготовки за да можат за помалку од две недели да продолжат со нормална работа. Што се однесува до училиштата, први на […]

Италија ќе издаде илјадници работни дозволи на мигрантите?


Италија планира да издаде работни дозволи за илегалните мигранти, за да им помогнат на фармите да се изборат со епидемијата од корона вирусот. Имено, тоа се планира затоа што пандемијата го прекина дотокот на евтина работна сила од странство, вели денеска политички извор за Ројтерс. Овој политички чувствителен потег за кој порано известуваа италијанските медиуми, […]

ЕСЧП: Романија осудена за разрешувањето на антикорупционерката Лаура Ковеси


Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја осуди Романија за разрешувањето на директорката на Националната дирекција за борба против корупцијата, Лаура Ковеси, која во меѓувреме стана првиот шеф на Европското обвинителство за спречување измама заради нејзините критики против законодавните реформи, јави дописникот на МИА. Во оваа пресуда, ЕСЧП пресуди дека разрешувањето од јули 2018 година […]

Белгиските научници откриле врска меѓу генетските разлики и смртноста од ковид-19


Истражувачите од Универзитетот во Гент веруваат дека со генетските разлики меѓу жителите може да се објасни зошто повеќе луѓе починале во некои земји поради вирусот Ковид-19. Според нив, ова може да објасни зошто скандинавските или источноевропските земји се помалку погодени од другите земји, пишува белгиски „Ла Либре“. Весникот посочува дека во скандинавските земји бројот на […]

За три недели 6.000 умрени во домовите за стари лица во Англија


Повеќе од 6.000 лица починаа од новиот коронавирус во домовите за стари и изнемоштени лица во Англија за три недели, а таквата „драматична ситуација“ и понатаму се влошува иако епидемијата во Обединетото Кралство почнува полека да се намалува, соопшти Заводот за национална статистика. Вкупно 6.391 смртен случај, поврзан со новиот коронавирус, е потврден во домовите […]

Фаучи: Нема докази дека Ковид-19 потекнува од кинеска лабораторија


Американскиот експерт за инфективни болести и член на работната група за Ковид-19 на претседателот на САД, Доналд Трамп, д-р Ентони Фаучи изјави дека не постои научна основа дека новиот коронавирус е создаден во кинеска лабораторија или оти „побегнал“ од лабораторија откако бил земен од дивина. – Ако се погледне еволуцијата на вирусот кај лилјаците и […]

Италијански експерти: Можен е втор бран на зараза со Ковид-19


Италијански експерти предупредуваат дека по постепениот излез на Италија од првиот воведен карантин во Европа, би можел да се случи и втор бран на зараза со коронавирус. Тие повикуваат на зголемени напори за утврдување на новозаразени, да се следат нивните симптоми и контактите. Доктор Силвио Брузаферо, претседател на Вишиот институт за здравство, денеска ја извести […]

Германија ја продолжи граничната контрола до 15 мај


Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер ја продолжи контролата на германските граници до средина на мај, поради пандемијата со новиот коронавирус. Контролата на границите во Германија беше воведена во март, а е продолжена до 15 мај.Од германското Министерство за внатрешни работи соопштија дека целта е да се продолжи успешно да се контролира ширење на […]

Отворањето на границите со ЕУ сѐ уште не е на дневен ред


На новинарски брифинг денеска во Брисел од страна на Советот на ЕУ беше укажано дека сѐ уште не се знае кога би се отвориле надворешните граници на ЕУ поради пандемијата со новиот корона вирус. Претставниците на земјите-членки на ЕУ се состануваат секоја недела и го проценуваат развојот на состојбата со вирусот. За сега фокусот е […]

Истражување: Австријците сакаат да работат од дома


Откако австриската Влада во средината на март воведе ограничувања во слободата на движење поради епидемијата на Ковид-19, голем број Австријци работат од дома, а тоа навистина им се допаѓа, покажаа нови истражувања. Седум од десет Австријци кои работат од дома истакнале дека сакаат така да работат и во иднина. Вкупно една четвртина од Австријците од […]

Во Италија за време на блокадата казнети стотици илјади луѓе


Во Италија во текот на двата месеци рестриктивни мерки воведени поради епидемијата на Ковид-19 и зајакнати полициски контроли, казнети се околу 424.000 луѓе. Италијанското МВР соопшти дека полицијата казнила и околу 8.260 сопственици на различни продажни објекти поради кршење на мерките на италијанската Влада. Во Италија строгите мерки за карантин на целата територији беа во […]

Четвртина милион луѓе досега починале од коронавирусот


Најмалку 250.000 луѓе досега починале од пандемијата на корона вирусот во светот, покажуваат податоци на универзитетот Џонс Хопкинс. Поголемиот дел од новите смртни случаи и зарази пријавени во последниве денови доаѓаат од Северна Америка и европските земји, но бројот се зголемува и во помали бази во Латинска Америка, Африка и Русија, пренесува „Гардијан“. На глобално […]

Во Бразил повеќе од 6.600 нови случаи на корона вирусот, над 290 починати


Бразил вчера регистрира повеќе од 6.600 нови случаи на корона вирусот и повеќе од 290 починати, покажаа најновите податоци на локалните власти. Министерството за здравство соопшти за 6.633 новозаразени и 296 смртни случаи во последните 24 часа. Со ова, вкупниот број на потврдени случаи на заразени во Бразил достигна 107.780, а бројот на починати 7.321. […]

Добротворна аукција за ковид-19 фондот


Британска аукциска куќа „Кристи“ ќе организира наддавање за ковид-19 фондот којшто е во рамки на Фондацијата за истражување на СИДА-та (АМФАР). Ова уследи по откажувањето на добротворниот фестивал во Кан поради пандемијата. Колекционерите и уметниците подарија неколку современи уметнички дела, од коишто некои никогаш и не се видени во јавноста, се вели во соопштението на […]

Израел го изолира антителото на корона вирусот


Ерусалим – Израел изолира клучно коронавирусно антитело во неговата главна лабораторија за биолошки истражувања, рече израелскиот министер за одбрана во понеделникот, нарекувајќи го тоа „значаен чекор напред“ кон можен третман на пандемијата со Ковид-19. „Моноклоналното неутрализирачко антитело“, изработено во Израелскиот институт за биолошки истражувања (ИИБР) „може да го неутрализира корона вирусот што предизвикува болести во […]