Фаучи: Носењето заштитни маски не е политичко прашање


САД –  Носењето маски во јавност за да се спречи ширењето на коронавирусот не треба да биде политичко прашање, предупреди главниот американски инфектолог Ентони Фаучи.

– Не постои тајна формула за вирусот. Не треба тоа да биде политичко прашање. Тоа е чисто здравствено прашање. Заборавете на политиката – погледнете ги податоците, изјави Фаучи, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека анализата за употреба на заштитни маски јасно покажува дека тие имаат ефект и го намалуваат ризикот од пренесување на вирусот.