Продавале бебиња преку Инстаграм


 

Иранската полиција уапси три лица кои се обиделе да продадат бебиња преку Инстаграмм јави денеска новинската агенција Исна.

„Уапсени се три лица кои сакале да продадат две бебиња“, изјави шефот на полицијата на техеран, Хосеин Рахими.

Едното бебе имало 20 дена, другото два месеца.

Полицијата ги уапсила осомничените кои рекламирале продажба на бибиња на Инстаграм. Фотографиите се поделени на 10 до 15 профили на оваа друштвена мрежа.

Бебињата се купени за 226 до 450 евра, додека продавани се за 1.800 до 2.250 евра, рече Рахими, не давајќи повеќе детали.

Додаде дека бебињата се предадени на социјалната служба.

Како што јави Исна, еден од уапсените вели дека е невработен, без пари и дека бил само посредник.