На 29 јуни во Мазеберг средба Макрон и Меркел


Франција– Претседателот нан Франција, Емануел Макрон на 29 јуни ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел во градот Мазеберг, при што ќе разговараат за планот за обнова на европската економија, соопшти денеска Елисејска палата.

Исто така предвидено е Макрон и Меркел да разговараат и за кризата што настана по избивањето на пандемијата со Ковид-19, заштита на животната средина и за други меѓународни прашања.

На почетокот од неделата Макрон се сретна со премиерот на Холандија, Марк Руте, при што беше овозможен напредок за надминување на разиките за буџетото и фондот за обнова на Европска Унија.