Перу: 100 дена вонредна состојба, повеќе од 8.000 мртви


Министерството за здравство на Перу соопшти дека потврдени се уште 3.363 случаи на заразени со корона вирус, со што вкупниот број заразени достигна 260.810.

Перу е на седмото место во светот по бројот на заразени со корона вирус.

Од последиците на Ковид-19 починаа уште 181 пациент, па вкупниот број починати сега изнесува 8.404, наведува Си-ен-ен.

Вчера поминаа 100 дена откако властите во Перу прогласија вонредна состојба во земјата поради пандемијата со Ковид-19.