Повторно се затвора Дизниленд во Хонг Конг


Забавниот Дизниленд парк во Хонг Конг повторно ќе биде привремено затворен, откако властите воведоа забрана за јавни собири на повеќе од четири лица. Властите во Хонг Конг вчера објавија нови мерки за заштита од коронавирусот, поради стравувањата од трет бран на епидемијата во градот. Рекреативниот парк ќе биде затворен утре, на неопределено време, но хотелите […]

Повеќето германски компании сакаат постојано да се работи од дома


Повеќе од половината компании во Германија, 54 проценти, сакаат работата од дома да остане постојана, според истражувањето на институтот ИФО и анкетата на професионалната мрежна мрежа „ЛинкдИн“ (LinkedIn), спроведена меѓу нејзините членови. – Кризата со коронавирусот може да биде поттик за постојан работен ангажман од дома, изјави Оливер Валк, директор на Центарот за индустриска организација […]

Во Индија за четири дена регистрирани 100.000 новозаразени лица со Ковид-19


Во Индија во последните четири дена се регистрирани повеќе од 100.000 новозаразени со коронавирусот, соопшти Министерството за здравство на земјата. Во последните 24 часа во земјата се регистрирани 28.498 нови случаи, како и 553 починати. Од почетокот на пандемијата, во Индија има 906.752 заразени, 23.727 лица починале, а 571.000 се оздравеле. Во земјата до сега […]

Во САД нови 56.000 заразени со коронавирус за последните 24 часа


Во САД во последните 24 часа се пријавени нови 56.100 случаи на корона вирус. Со тоа вкупниот број на заразени се зголеми 3.361. 042 случаи, соопшти Унивезитетот Џон Хопкинс. Од Ковид-19 во САД во последното деноноќие умреле 377 лица, а вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 135.582, пренесе Си-Ен-Ен.

Вирусот побрзо се шири таму каде што владеат популисти


Двете најголеми земји во кои коронавирусот најбрзо се ширеше се Бразил и САД. А тие имаат едно заедничко нешто: ги водат популистички настроени мажи кои тврдат дека се против елитите и против естаблишментот. Претседателите Жаир Болсонаро и Доналд Трамп се вртат кон она што Даниел Зиблат, професор на универзитетот „Харвард“ и коавтор на книгата „Како […]

Борбен авион Ф-16 Вајпер на американски воздухопловни сили се урна при слетување


САД – Борбер авион Ф-16 Вајпер на американските воздушни сили се урна при слетување во воената база во Њу Мексико. Пилотот се катапултирал и успеал да се спаси, јави Би-Би-Си. Воени извори соопштија дека пилотот добил лекарска помош поради полесни повреди. Причините за инцидентот се истражуваат. Според Фокс Њуз, ова е петта несреќа на воен авион […]

Истражување: Пациентите по излекувањето од Ковид-19 патат од замор, тешко дишат….


Италија – Пациентите кои заздравиле од Ковид- 19, со недели, па и месеци, потоа продолжуваат да имаат последици во форма на хроничен замор, отежнато дишење, болка во мускулите, некои сакаат да спијат по цел ден, а за некои е голем напор да се качат само еден кат, пишува он-лајн списанието „Јуроп тудеј“. Истражувањето го спроведоа лекарите […]

Известувачот на ОН, ја обвини Белата куќа за „силен напад“ врз медиумите


Швајцарија– Специјалниот известувач на ОН за слободата на изразување, Дејвид Кеј, ја обвини Белата куќа за „силен напад“ врз медиумите и предупреди на негативниот „ефект на Трамп“ врз глобалната слобода на медиумите. На неговата последна прес-конференција пред крајот на неговиот шестгодишен мандат, што завршува на крајот на овој месец, Кеј изрази надеж дека „нападите“ врз […]

Со победата на Дуда популистите во Полска имаат целосна власт


Сегашниот претседател ги доби најнеизвесните избори во последниве 30 години. Провинцијата и малите градови ја надгласаа либералната Полска од големите градови   ВАРШАВА – Претседателот Анджеј Дуда од Полска официјално во понеделникот вечерта тесно го освои вториот мандат на најнеизвесните претседателски избори од крајот на комунистичкото владеење во 1989 година, според изборната комисија на земјата, […]

Корона вирусот од Србија е посилен од италијанскиот


Претседателот на регионот Венето, Лука Заја, за италијанските медиуми изјави дека видот српски корона вирус е поагресивен од оној кој до сега бил познат во Италија. Лука Заја рече дека го изолирале вирусот од пациенти кои дошле од Србија. „Направивме четири теста и забележавме многу силно вирусно оптоварување, вирусите се идентични меѓу себе, но припаѓаат […]

Растат тензиите меѓу Фаучи и администрацијата на Трамп


Белата куќа сѐ повеќе го критикува американскиот стручњак за заразни болести и членот на работната група за борба против корона вирусот, Ентони Фаучи. Тоа доаѓа откако се зголемија тензиите меѓу Фаучи и претседателот на САД, Доналд Трамп. Претставник на Белата куќа вчера објави список на изјави за кои сметаат дека се проблематични. Меѓу нив се […]

Корупциската криза го стави Борисов на тенок мраз


Една недела Бугарија е влезена во вител на протести. Граѓаните го губат трпението од мрежата на олигарсите, во која се фатени партијата на премиерот Борисов, државните институции, а особено судството   Повеќе од една деценија, германската канцеларка Ангела Меркел и другите лидери на централната десница на ЕУ никогаш не сакаа да размислуваат премногу за тоа […]

Трамп ги интензивира нападите на Твитер врз медицинскиот персонал


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер повторно го нападна медицинскиот персонал кој се бори против Ковид-19, обвинувајќи ги дека си играат политика и ја отежнуваат економската обнова. Трамп на Твитер сподели објави на одредени конзервативци, но директно не ги коментираше. – Сите лажат. Центарот за контрола и превенција на болести, медиумите, демократите, нашите лекари, […]

Франија: 7,6 милијарди евра за подобри плати на медицинскиот персонал


Француската влада и медицинските синдикати денеска потпишаа договор за зголемување на платите на болничкиот персонал, откако беа поздравени како херои за време на епидемијата на коронавирусот, јави ДПА. „Историскиот“ договор ќе вклучува дополнителни 7,6 милијарди евра (8,6 милијарди долари) годишно, изјави министерот за здравство Оливие Веран. – Околу 1,5 милиони работници би добиле нето зголемување […]

Американската воена база на Окинава во карантин поради инфекции


 Населението на јужниот јапонски остров Окинава е загрижено откако во тамошната американска воена база се забележани десетици случаи од заразни со новиот коронавирус, јави Гласот на Америка. Американските и јапонските власти соработуваат со размена на информации за сегашни и претходни активности поврзани со инфицирани војници. Од 62 лица со позитивен тест за коронавирус регистрирани од 5 […]

Двајца пратеници на Мадагаскар починаа од последици од Ковид-19, а 25 се заразени


Двајца пратеници во Мадагаскар починаа од последици од новиот коронавирус, а најмалку 25 членови на Парламентот се инфицирани од почетокот на епидемијата во март, изјави денеска мадагаскарскиот претседател Андри Раџеолина. Тој не прецизираше кога починале пратениците, ниту пак ги именуваше. – Почина еден пратеник. Почина еден сенатор. По тестирањето е утврдено дека се заразени 11 […]

На епицентарот на корона вирусот му се заканува нова опасност


  Најмалку 140 луѓе настрадаа и исчезнаа во поплавите во централните и источните области на Кина, а сега е загрозен и Вухан, град од каде почна пандемијата од корона вирусот. Вухан град со 11 милиони жители, се наоѓа на листата градови каде расте нивото на водата на реката Јнагце, најдолгата река во Кина. Поплавите во […]

Кризата со коронавирусот може да се продлабочи, смета СЗО


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) соопшти денеска дека пандемијата на коронавирусот може да стане многу потешка доколку сите земји не ги следат основните здравствени мерки на претпазливост. – Дозволете ми да кажам отворено – премногу земји одат во погрешна насока, вирусот останува јавен непријател број еден, нагласи генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на видео […]

Столтенберг: НАТО треба да стане поглобален сојуз со оглед на подемот на Кина


Германија– Со оглед на растечката улога на Кина во светот, НАТО треба да соработува поактивно со партнери како Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за германската медиумска куќа Редакционснетсверк Дојчланд (РНД). – Што се однесува до позицијата на НАТО за Кина, ние треба да правиме разлика помеѓу […]

ОН: Речиси 690 милиони луѓе, или 8,9 проценти од луѓето во светот се гладни


САД– Еден од девет лица во светот ќе биде гладен, при што пандемијата на коронавирусот ги засилува веќе влошените трендови оваа година, се вели во извештајот на ОН објавен денеска. Економското забавување и шоковите поврзани со климата туркаат се повеќе луѓе во глад, додека храната останува премногу скапа за многумина. „После неколку децении долг пад, […]