Борбен авион Ф-16 Вајпер на американски воздухопловни сили се урна при слетување


Фото: Б. Грданоски

САД – Борбер авион Ф-16 Вајпер на американските воздушни сили се урна при слетување во воената база во Њу Мексико. Пилотот се катапултирал и успеал да се спаси, јави Би-Би-Си.

Воени извори соопштија дека пилотот добил лекарска помош поради полесни повреди.

Причините за инцидентот се истражуваат.

Според Фокс Њуз, ова е петта несреќа на воен авион во САД од мај до сега.