На епицентарот на корона вирусот му се заканува нова опасност


 

Најмалку 140 луѓе настрадаа и исчезнаа во поплавите во централните и источните области на Кина, а сега е загрозен и Вухан, град од каде почна пандемијата од корона вирусот.

Вухан град со 11 милиони жители, се наоѓа на листата градови каде расте нивото на водата на реката Јнагце, најдолгата река во Кина.

Поплавите во кина се вообичаени во летниот период, а особено сливот на реката Јангце, која има тек од 6.000 километри која поминува низ различни региони.

Влатите регистрирале 141 настрадани или исезнати, 28.000 оштетени домови, додека речиси 38 милиони луѓе се загрозени.

Но, со зголемување на дождовите минатата недела, има нагло зголемување на нивото на водата во реките. Вкупно 33 реки достигнаа максимален водостој, а издаде се предупредувања за бреговите на 433 реки, соопштија властите.

Најголемите пополави во кина беа во 1988 година, кога настрадаа повеќе од 4.000 луѓе во сливот на реката Јангце.