Студија: Имунитетот на коронавирусот би можел да исчезне за неколку месеци


Англија– Имунитетот заснован на антитела, стекнат по прележување на Ковид-19, може да исчезне по неколку месеци, што го отежнува пронаоѓањето на вакцина што би штитела подолг временски период, покажува најновото истражување. „Овој труд потврдува дека одговорот во заштитни антитела кај лица заразени со САРС-КоВ-2 (…) се чини дека брзо се намалува, изјави денеска д-р Стивен […]

„Вашингтон пост“: Трамп излажал повеќе до 20.000 пати од 2017 година


САД–  Американски претседател Доналд Трамп за 827 дена кажал повеќе од 10.000 лаги или дал изјави што не одговараат на реалноста, Во просек, тоа се 12 изјави на ден. Но, на 9 јули, само 440 дена подоцна, шефот на државата го премина прагот на 20.000 лаги или изјави што не соодветствуваа на реалноста. Тоа значи […]

Група милионери бараат „трајно и веднаш“ да им се зголемат даноците поради корона-кризата


Група од 83 милионери, во отворено писмо до националните влади денеска побараа воведување „веднаш“ и трајно“ поголеми даноци за најбогатите, со цел да се придонесе за опоравување на економиите по кризата предизвикана со пандемијата на коронавирус. „Додека Ковид-19 го погодува светот, милионерите како нас имаат суштинска улога во излекувањето на светот“, се наведува во писмото […]

Ексбосански министер правел пена-забава на река, истрага поради пуштање хемикалии


БиХ– Поранешниот министер за безбедност на Босна и Херцеговина, кој во моментов е член на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, Драган Мектиќ на Твитер објави видео на кое е прикажано како скока во реката Укрина. Мектиќ напиша: „Пена-парти на мојата река Укрина, мостарската ластовица моментално лета“. Видеото го прикажува како скока во реката, […]

Со кучиња трагачи и хеликоптери потера по маж кој ја разоружа германската полиција


  Германските власти на југозападот на земјата распоредија стотици полицајци во потера по 31-годишниот Иво Етјен Рауш кој разоружа четворица полицајци. Полицијата во Офенбург соопшти дека полицајците се пробиваат низ непристапен шумски терен со поддршка од кучиња трагачи и хеликоптери, пренесе АП. Властите невообичаено, го соопштија името на осомничениот предупредувајќи дека носи неколку парчиња огнено […]

Француски епидемиолог очекува делотворна вакцина против Ковид-19 најрано во 2022 година


Франција– Францускиот епидемиолог Арно Фонтане не очекува дека целосно делотворнаа вакцина против коронавирус ќе биде достапна пред 2022 година. – Развојот на вакцина, по правило, трае неколку години. Би бил изненаден ако имаме ефикасна вакцина во 2021 година, изјави Фонтане за телевизијата БФМТВ. Советникот на француската Влада ги повика граѓаните да одржуваат растојание и да […]

Израелски министер повика повторно да се воведе карантин


Израелскиот министер за енергетика, Јувал Штајнц, кој е близок до премиерот Бенјамин Нетанјаху, денеска повика повторно да се воведе карантин за да се спречи заразата со корона вирусот да излезе од контрола. – Верувам дека сега мора да преминеме на карантин, рече Штајнц во интервју емитувано на „Енет“, онлајн верзијата на израелскиот најпродаван весник „Једиот […]

Флорида соборува рекорди – нови 15.000 случаи од корона


Флорида во неделата пријави повеќе од 15.000 нови случаи на корона вирус, соборувајќи го дневниот рекорд што го пријави која било држава во САД и уште еднаш го стави меѓународно внимание на местото кое го нема вирусот под контрола. Одделот за здравство во Флорида доби 135.992 резултати од луѓе кои порано не биле тестирани, а […]

Над 80 отсто од позитивните случаи на Ковид-19 во Рим се од странство


Околу 80 проценти од новите случаи на корона вирус во Рим се позитивни случаи од странство, тврдат здравствените власти во Лацио. Според локалните медиуми, 12 лица позитивни на Ковид 19 се поврзани со летови од Бангладеш, еден е утврден по враќање од Украина, потоа една жена од Мексико, маж од Црна Гора и маж од […]

Почина ќерката на Нелсон Мандела, Зинѕи


Ќерката на Нелсон Мандела, Зинѕи почина на 59 години, утрово во болница во Јоханесбург. Во овој миг таа ја извршуваше функцијата амбасадор на Јужна Африка во Данска. Ќерката на познатиот јужноафрикански лидер и борец против апартхејдот, стана позната во 1985 година кога го прочита славното писмо на нејзиниот татко со кое тој ја отфрли понудата […]

Си-Ен-Ен: Трамп предложи продажба на Порторико по ураганот Марија


По катастрофалниот ураган Марија во Порторико, американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледа идејата за продажба на овој остров во 2017 година, изјави за „Њујорк Тајмс“ Елејн Дјук, поранешен заменик началник за национална безбедност, јави Си-Ен-Ен. – Неговите идеи се посоодветни за бизнисмен отколку за претседател, рече Дјук. Таа додаде дека продажбата на Порторико никогаш не […]

Мексико изби на четврто место во светот по бројот на починати од Ковид-19


Мексико ја надмина Италија по број на смртни случаи од Kовид-19 и стана четврта земја во светот по бројот на починати. Според податоците објавени од Министерството за здравство, досега од коронавирусот во таа земја починале 35.006 луѓе. Во текот на изминатите две недели, вкупната смртност во Мексико ги надмина и Шпанија и Франција. Во Мексико, […]

Во Јужна Африка од денеска се воведуваат полициски час и забрана за алкохол


Претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, во обид да го намали притисокот врз болниците најави дека од денеска повторно ќе воведе забрана за продажба на алкохол и ноќен полициски час, бидејќи рапидно расте бројот на заразени со корона вирусот. Рамафоса објасни дека земјата не може да си дозволи болниците и клиниките да бидат преоптоварени со […]

Во Кина регистрирани нови осум случаи на корона вирус, сите се увезени


Во Кина во последните 24 часа се евидентирани осум нови случаи на корона вирус, а сите се увезени, односно лицата пристигнале од странство, соопшти денеска кинеската Комисија за здравство. Седми ден по ред во Пекинг нема регистрирани нови случаи, пренесуваат британските медиуми. Комисијата, исто така, соопшти дека се откриени шест асимптоматски случаи, што Кина не […]

Еколози пронајдоа заштитни ракавици во поголемите реки


Белгија – Заштитните маски и ракавици во изминатите неколку месеци во огромни количества се користат за заштита од коронавирусот. Но, тие, исто така, во огромни количества завршуваат во најмалку седум од поголемите европски реки, изјави портпаролката на еколошката Фондација „Тара“, Роми Хентингер. – Научниците од лабораториите со кои соработуваме, пронашле маски и ракавици на брегот на […]

Унгарија воведува нови ограничувања на границите заради коронавирусот


Унгарија – Унгарија, од задутре, 15 јули, воведуваа нови ограничувачки мерки долж своите граници заради зголемените случаи на коронавирус во некои од земјите, јави шефот на кабинет на премиерот Виктор Орбан, цитиран од британските медиуми. Заради надминувањето на епидемијата од коронавирус во земјата Унгарија ги разлабави ограничувачките мерки, отворорајќи ги границите за патниците од европските земји, […]

Франција на аеродромите ќе тестира патници од ризични области


Франција – Франција планира во наредните денови да почне целно тестирање за новиот коронавирус на луѓе кои доаѓаат од области со висок ризик, соопшти портпаролот на француската Влада Габриел Атал. Луѓето кои ќе можат да докажат дека неодамна биле тестирани на вирусот, ќе можат да избегнат повторување на тестот во Франција, рече Атал. Министерот за здравство […]

Италијанскиот регион Лигурија за првпат без нови случаи на Ковид-19


Италија– Регионот Лигурија во северна Италија, во близина на Ломбардија која беше најтешко погодена од коронавирусот, првпат од почетокот на пандемијата нема нови случаи на зараза. Според најновите податоци, нема нови смртни случаи, а 18 лица оздравеле. Регионалните власти соопштија дека податоците потврдуваат позитивен тренд во Лигурија по укинувањето на блокадата воведена поради пандемијата и […]

Хашим Тачи денеска ќе се појави пред Специјалното обвинителство за Косово во Хаг


Холандија– Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска треба да биде сослушан во Хаг од Специјалното обвинителство за Косово, што кон крајот на јуни го обвини за голем број воени злосторства извршени на Косово. Приштинската телевизија „Клан Косова“ јави дека Тачи „вчера околу 15 часот го напуштил аеродромот во Тирана“ за да пристигне на „сослушувањето во Хаг, […]

Бројот на заразени од коронавирус во светот надмина 13 милиони лица


САД– Во светот веќе има над 13 милиони, поточно 13.041. 695 заразени лица со коронавирусот, пренесе страницата „Ворлдметерс“. Според неа, од Ковид-19 досега умреле 571.660 луѓе, додека 7.578.093 се излекувале. Се уште е најлоша ситуацијата во САД, каде што повеќе од 3,4 милиони луѓе се заразени со вирусот, додека 137.733 лица умреа. На второ место […]