Ексбосански министер правел пена-забава на река, истрага поради пуштање хемикалии


БиХ– Поранешниот министер за безбедност на Босна и Херцеговина, кој во моментов е член на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, Драган Мектиќ на Твитер објави видео на кое е прикажано како скока во реката Укрина.

Мектиќ напиша: „Пена-парти на мојата река Укрина, мостарската ластовица моментално лета“.

Видеото го прикажува како скока во реката, каде што има и многу пена.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска ја осуди забавата на Мектиќ, а Инспекторатот на Република Српска го истражува случајот.

Од Министерството велат дека е несфатливо поради забава да се пуштат хемикалии во реката и дека ќе инсистираат на одговорност на сторителите.