Со кучиња трагачи и хеликоптери потера по маж кој ја разоружа германската полиција


 

Германските власти на југозападот на земјата распоредија стотици полицајци во потера по 31-годишниот Иво Етјен Рауш кој разоружа четворица полицајци.

Полицијата во Офенбург соопшти дека полицајците се пробиваат низ непристапен шумски терен со поддршка од кучиња трагачи и хеликоптери, пренесе АП.

Властите невообичаено, го соопштија името на осомничениот предупредувајќи дека носи неколку парчиња огнено оружје и дека е насилен.

Полицијата вчера рано вршела проверка на неговата лична карта во близина на Опенау, при што тој првично соработувал, за потоа одненадеж да извади пиштол, да се заканува и да ги присили полицајците да го предадат оружјето.

Никој не е повреден до инцидентот кој се случил во близина на германската граница со Франција.