Вучиќ сака да го затвори целосно Белград


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по препорака од Кризниот штаб за сузбивање на ширењето на коронавирусот се најавува дека вечерва ќе соопшти нови мерки за Белград поради неповолната епидемиолошка ситуација.Според најавите, се очекува мерките да го соопшти на гостување на РТС. Според најновите податоци, од вкупниот број на извршени тестирања во изминатите 24 часа над […]

Резултатите од референдумот за Кремљ претставуваат триумф


Исходот од гласањето за уставните измени Кремљ денеска го нарече „триумф“, велејќи дека тој де факто бил референдум за јавната доверба за претседателот Владимир Путин, на кого му се овозможува да остане на власт до 2036 година. -Дефинитивно во Кремљ тоа се смета за триумф, изјави  портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесе Тасс. Тој […]

Секои две недели ќе се ажурира листата за влез во Грција


Грција секоја седмица ќе ја разгледува и ќе ја оценува ситуацијата со туристите во земјата, а секои две седмици ќе се ажурира листата со трети земји за кои ќе биде дозволен влез, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите. -Листата […]

СЗО: Пандемијата се влошува, а не слабее


Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека во јуни се регистрирани дури 60 отсто од вкупно 10-те милиони заразени со коронавирус во светот, што, предупредува таа, покажува дека епидемијата се влошува, а не слабее. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, изјави  дека секој ден има по 160.000 нови случаи и ги повика сите држави […]

СЗО: Критична ситуација со Ковид-19 на Блискиот Исток


Блискоисточните земји достигнале „критичен праг“ во одговорот на пандемијата на новиот коронавирус, откако мерките за карантин постепено се ублажени со отворање на границите, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Ахмед Ал-Мандхари, директор на СЗО за регионот на источниот Медитеран, изјави дека бројот на регистрирани случаи на зараза со коронавирус во јуни бил поголем отколку во текот […]

Следната седмица во Австрија почнува „корона скрининг програмата“


Во сите австриски покраини од следната седмица почнува голема „корона скрининг програма“, за време на која секоја недела ќе бидат тестирани 25.000 до 30.000 луѓе. Тестовите треба да опфаќаат посебни целни групи, т.е. вработени во некои индустрии, со цел детално да се анализира состојбата. Министерот за здравство Рудолф Аншобер објасни дека трошоците за скрининг ќе […]

Истражување: Можно е да нема траен имунитет на Ковид-19


Студија спроведена во Германија се изразува сомнеж дека лицата заразени со новиот коронавирус, по лекувањето, создаваат трајни антитела и со тоа се заштитени од ново заболување. Во болница во Швабинг тестовите на крв кај девет пациенти, кои биле на интензивно одделение, покажале дека тие немаат речиси никакви антитела на Ковид-19. Исто така кај 40 проценти […]

Планот на Ердоган – Света Софија да ја претвори во џамија


Ердоган сака Света Софија, која сега е музеј, да ја претвори во џамија. Денеска судот треба да донесе одлука за намерата. Ова е обид на претседателот да поентира кај гласачите, но и план кој прави раздор во земјата. Пишува Ункер Пелин   Света Софија не само што е препознатлив знак на Истанбул, туку и најомилената […]

Во Русија за еден ден преку 6,5 илјади заразени од Ковид-19


Во Русија денеска се пријавени 6.760 новозаразени со вирусот Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 661.165. Во изминатите 24 часа починаа 147 луѓе, а од почетокот на пандемијата во Русија како последица на коронавирусот починаа 9.683 луѓе.

Бразилски војници доставија заштитни маски на припадниците на племето Јаномами


Бразилските војници денеска им доставија заштитни маски на припадниците на племето Јаномами кое живее во Амазон. Денеска е втор ден од воените операции во областа, чија цел е заштита на домородното население на Бразил од Ковид-19. Јаноманците го сочинуваат домородното население на Бразил, кое живее во тропските шуми на Амазон, каде што е потврден коронавирусот […]

Индија надмина 600.000 заразени


Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Индија надмина 600.000 откако здравствените власти соопштија за нови 19.114 заразени во изминатите 24 часа. До денеска, во Индија се регистрирани 604.641 заразени лица, од кои околу 100.000 се пријавени во изминатите четири дена. Министерството за здравство на таа земја соопшти дека вкупно починале 17.834 лица. Во трите […]

Гутереш му порача на Хафтар дека не може да има воено решение за конфликтот во Либија


Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш му порача на командантот на либиските источни сили Калифа Хафтар дека не може да има воено решение за конфликтот започнат во април минатата година против владата поддржана од ОН во Триполи, изјави денеска портпаролот на ОН, Стефан Дижарик. Дижарик рече дека Хафтар го повикал Гутереш телефонски и разговарале […]

Речиси 78 отсто Руси ги поддржале уставните реформи


Мнозинството граѓани на Русија гласале за уставните измени, кои ќе му овозможат на шефот на државата Владимир Путин да остане на власт со 2036 година. Централната изборна комисија соопшти денеска дека при обработени 99,99 отсто од гласовите, уставните реформи биле поддржани од 77,92 отсто Руси, а против се изјасниле 21,72 процента. Излезноста на еднонеделниот референдум, […]

Орбан повторно контра ЕУ, од списокот „безбедни“ земји ја прифаќа само Србија


Унгарија нема да го прифати барањето на ЕУ на списокот на „безбедни“ држави од пандемијата на коронавирусот да ги додаде и земјите надвор од ЕУ. Единствен исклучок од оваа одлука ќе биде Србија, кажа унгарскиот премиер Виктор Орбан. -Засега не можеме да го поддржиме барањето на ЕУ, бидејќи тоа ќе биде спротивно на здравствените интереси […]

На хрватската сцена влегуваат нови политички „фајтери“


Во Хрватска е вообичаено двете најголеми и најмоќни партии,  Хрватската демократска заедница и Социјалдемократската партија да добиваат најголемо медиумско внимание во предизборната кампања.Пред влез во вториот круг од минатата претседателска трка и како надеж за дел од десничарскиот електорат, им се придружи и Мирослав Шкоро со своето „Домашно движење“. И покрај помалата „видливост“, забележително има […]

Уништен споменикот на Хајле Селасие во Лондон


Споменикот на поранешниот лидер на Етиопија, Хајле Селасие, кој е лоциран во паркот во Вимблдон, е уништен, соопшти денеска лондонската полиција. Инцидентот се случил во вторникот вечерта, а полицијата го истражува случајот. Се претпоставува дека инцидентот е поврзан со убиството на популарниот етиописки пејач Хачалу Хундес. Тој е убиен на почетокот од недела, а поради […]

Твитер отстрани фотографија на „Њујорк Тајмс“ објавена од Трамп


САД – Твитер отстрани фотографија објавена од американскиот претседател Доналд Трамп откако весникот „Њујорк Тајмс“ се пожали дека со тоа им го повредил авторското право врз сликата. Трамп во свој твит од 30 јуни објави фотографија со коментарот „тие не ме бараат мене, туку тебе, а јас сум им на патот“. „Њујорк Тајмс“ се пожали […]

Врховниот суд на Турција ќе ја разгледа петицијата за пренамена на музејот „Аја Софија“ во џамија


Турција  – Највисокиот турски суд денеска ќе ја разгледа петицијата во која се бара музејот „Аја Софија“ во Истанбул да се пренамени во џамија, јави ДПА. „Света Софија“ била најголемата христинска црква, изградена во VI век од Византијците, а во џамија била претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од […]

Трамп: Со маска изгледам како Осамениот ренџер


САД– Американскиот претседател Доналд Трамп, кој долго време одбиваше да носи маска во јавност го смени ставот истакнувајќи дека мисли оти маските се добри. Тој наведе дека носи црна маска, и покрај тоа што кога ќе ја стави, како што самиот тврди, како лик од стрипот и филмот „Осамен ренџер“, но оти тоа му се […]

Во Бразил ќе се тестира вакцина за Ковид-19


Бразил– Потенцијалната вакцина за новиот коронавирус, што ја разви кинеската фирма „Синовак“ ќе се тестира во 12 истражувачки центри во шест бразилски држави, изјави синоќа гувернерот на бразилската држава Сао Паоло, Жоао Дориа. Тој додаде дека тестирањето на вакцината треба да биде одобрено од локалната здравствена агенција. Покрај во Сао Паоло, предвидено е вакцината да […]