Заедничка воена вежба на Грција и Франција во Источниот Медитеран


Грција – Во рамките на воената соработка на Грција и Франција, денеска беше одржана поморска воена вежба во морскиот дел на Источниот Медитеран, во која учествуваа грчки и француски фрегати, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Генераштабот на Грција соопштуваат дека воената вежба била и во морскиот дел во кој Турција во понеделникот, „со нелегалната NAVTEX најави истражувања“.

-Вежбата вклучуваше прогресивни маневри, предмети од заедничко оперативно планирање, размена на тактика на слики, комуникации, како и соработка со воздушни средства и придонесе да се подигне нивото на оперативната подготвеност, на борбената способност и на соработката на учесниците во сојузничкиа рамка, соопштуваат од Генералштабот.

Во вежбата учествувале четири грчки фрегати и француска група бродови (Task Force), односно носач на хеликоптери и една фрегата, а во рамките на воената соработка на двете земји два француски авиони Rafale слетале во воената база Суда на островот Крит.