Прво јавно појавување на Бајден и Камала Харис


САД – Камала Харис, која ќе биде кандидат за демократите за потпретседател на САД во претседателската трка на Џо Бајден, се појави во јавноста со него за првпат, ден откако таа беше прогласена за кандидат.

Харис и Бајден заедно учествуваат во предизборниот митинг во Вилмингтон во неговата родна држава Делавер.

Настанот беше затворен за јавноста поради пандемијата на коронавирусот, а Бајден и Харис се појавија со заштитни маски, јави Би-Би-Си.

Од штабот на Бајден соопштија дека се собрани 26 милиони долари за претседателската кампања само 24 часа откако беше објавено дека Камала Харис е негов избор за потпретседател. Според нив, регистрирани над 150.000 донации од лица кои првпат обезбедиле пари за кампањата.