Британија ја смени методологијата – сега имаат 5.000 починати помалку

 

Официјалниот број на починати од Ковид-19 во Британија е намален денеска за повеќе од 5.000, откако беше сменета методологијата.

Одсега властите секојдневно ќе објавуваат број на смртни случаи кои се случиле во рок од 28 дена од позитивен тест на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство, јави Ројтерс.

Според новиот метод, Британија има 41.329 смртни случаи од Ковид-19, а не 46.706 колку што изборија по стариот систем.

Смртноста и натаму е највисока во Европа, пред Италија со околу 35.000.

Претходно, во Англија не постоеше крајно време за регистрирање смрт кај пациент по позитивниот тест, што предизвика загриженост кај водечките научници дека некои луѓе се забележани како жртви на Ковид-19, иако можеби умреле од нешто друго.

Епидемиолозите велат дека прекумерната смртност – смрт од сите причини која го надминува петгодишниот просек за тоа време од годината – е најдобар начин за бележење смртност од избивање на болеста, затоа што меѓусебно може да се споредуваат.

Но, Англија исто така ќе објавува нов збир на неделни податоци, вклучително и смрт која ќе се случи во рок од 60 дена и смртни случаи во кои во извештајот се спомнува Ковид-19, што ќе пружи увид во долгорочното влијание на болеста.