Русија ќе го населува Арктикот


Кремљ планира да го развива својот краен северен дел, богат со ресурси, и на Русите ќе им дава бесплатно земјиште на Арктикот за да изградат свои домови и да започнат бизниси, според предлог законот кој го подготвува руската Влада. Рускиот претседател Владимир Путин го одреди за приоритет рускиот дел на Арктикот и ќе ја обновува […]

Бранови се закануваат да урнат куќи во крајбрежните области на Австралија


Огромни бранови, кои ја погодија австралиската држава Нов Јужен Велс, предизвикаа ерозија на одделни крајбрежни области и ги доведоа куќите во опасност од уривање. Во предградија во северниот дел на Сиднеј брановите уништија огради и дворови на некои куќи, а локалните власти соопштија дека брановите достигнуваат височина и до 11 метри. Како што се наведува, […]

Русија планира да го развие северот, ќе им дава на граѓаните бесплатно земјиште на Арктикот


Кремљ планира да го развива својот краен северен дел, богат со ресурси, и на Русите ќе им дава бесплатно земјиште на Арктикот за да изградат свои домови и да започнат бизниси, според предлог законот кој го подготвува руската Влада. Рускиот претседател Владимир Путин го одреди за приоритет рускиот дел на Арктикот и ќе ја обновува […]

Крамп-Каренбауер: На Германија и треба разумен соседски однос со Русија


На Германија и треба разумен соседски однос со Русија, но треба да биде подготвена да ги заштити своите национални интереси, доколку се покаже за потребно, изјави германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер. Во интервју за германскиот „Цајт онлајн“ таа ја обвини Русија дека е „многу агресивна“ во одбраната на своите интереси. -Нам ни треба разумно […]

Рекорден број новозаразени во еден ден во САД-74.500


САД– Во последните 24 часа во САД се потврдени нови 74.500 случаи на коронавирус, што претставува најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата. Според универзитетот „Џон Хопкинс“, вкупниот број на пациенти сега е зголемен на повеќе од 3.570.000, пренесува Би-Би-Си. Како што се наведува, зголемување на бројот на нови случаи е забележано во 30 американски […]

Бразил: За 27 дена потврдени еден милион заразени случаи


Бразил – Бројот на заразени лица со коронавирус во Бразил вчера надмина два милиона, а досега починале речиси 77.000 луѓе, соопшти бразилското Министерство за здравство. Од почетокот на епидемијата на Ковид-19 во земјата се регистрирани 2.012.151 лице. Поминаа само 27 дена откако Бразил, кој по бројот на заразени лица се наоѓа на второ место во светот […]

Осудени каталонски политичари ќе отслужуваат затворска казна само ноќе


Шпанија – Деветмина заговорници за независност на Каталонија, осудени поради забранетиот референдум за отцепување од Шпанија, ќе престојуваат в затвор само ноќе, додека преку ден и за време на викенди ќе бидат слободни, соопшти регионалната Влада во Барселона. Официјалните претставници, меѓу кои и поранешниот потпретседател на каталонската влада Ориол Жункерас, се осудени минатата година на затворски […]

Ковид-19 е директна причина за смрт кај околу 89 отсто од заболените во Италија


Италија– Ковид-19 е директна причина за смртта кај околу 89 проценти од смртните случаи во Италија кои биле позитивни за вирусот, покажуваат податоците на италијанскиот Висок институт за здравство и Националниот институт за статистика (ИСТАТ) . Преостанатите смртни случаи се однесуваат на кардиоваскуларни заболувања (4,6 отсто), тумор (2,4 отсто), респираторни заболувања (еден процент), дијабетес (0,6 […]

ЈАР ги престигна Мексико и Чиле според бројот на заболени од коронавирус


JAР– Република Јужна Африка ги надмина Мексико и Чиле според бројот на потврдени случаи на заразени со коронавирус. Според Министерството за здравство на Јужна Африка и американскиот универзитет „Џон Хопкинс“, Јужна Африка сега е шестата земја во светот според бројноста на заразени лица. Од почетокот на пандемијата во оваа земја се регистрирани 324.221 лица со […]

Тачи: Четири дена давав информации за својата улога и одговорности во текот на војната на Косово


Холандија – По осумчасовното сослушување, четврти ден по ред, косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа ја напушти зградата на Специјалното обвинителство во Хаг кога изјави дека одговорил на сите прашања од Специјалното обвинителство за време на војната во Косово и после тоа, за периодот што го покрива мандатот на Специјалното јавно обвинителство. -Многу сум задоволен што имав […]

ОН ги повика богатите земји со 10 милијарди долари да им помогнат на сиромашните против коронавирусот


САД – Поддршката за сиромашните земји во борбата против коронавирусот досега беше „во голема мера несоодветна“, изјави претставникот на ОН за хуманитарни работи, Марк Лукок, повикувајќи ги богатите земји да донираат повеќе. Обединетите нации го зголемија својот хуманитарен апел за уште една третина, на 10,3 милијарди американски долари помош за 63 земји, претежно во Африка и […]

ФБИ води истрага за хакирање Твитер налози


Американското ФБИ води федерална истрага за хакирање Твитер налози на неколку познати личности, тврдат двајца добро упатени извора. – Свесни сме за денешниот безбедносен инцидент, кој се однесува на неколку Твитер налози кои им припаѓаат на познати личности. Налозите се веројатно хакирани со цел измама со криптовалути, велат изворите. Хакирани се официјалните Твитер налози на […]

САД: Границите со Канада и Мексико остануваат затворени до 20 август


Aмериканските власти денеска објавија дека границите со Мексико и Канада ќе останат затворени за повеќето патувања до 20 август за да се спречи ширење на новиот коронавирус. Со новите потврдени инфекции во САД заразени се рекордни 67.632 вчера, а смртните случаи се над 137.000, што го потенцираше неуспехот на Владата на САД да ја стави […]

Се обновија борбите меѓу Азербејџан и Ерменија


Граничните судири избувнаа повторно рано во четвртокот (16 јули) помеѓу армиите на непријателите Азербејџан и Ерменија по кратка пауза претходниот ден, соопштија официјални лица од двете држави, кои водат повеќедеценискиот територијален спор. Најмалку 16 лица од обете страни се убиени откако избувнаа граничните судири во неделата меѓу поранешните советски републики, кои со децении се заробени […]

Нагло зголемен бројот на новозаразени во Шпанија


Во Шпанија денеска се регистрирани 580 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е најголем скок во бројот на нови случаи во последните два месеца. Претходниот ден беа потврдени 390 нови случаи, а повеќето случаи беа во регионите на Арагон и Каталонија. Шпанија ги укина рестриктивните мерки на 21 јуни, и оттогаш избија повеќе […]

ЕУ ги отстрани Србија и Црна Гора од листата на епидемиолошки безбедни земји


ЕУ денеска ги отстрани Србија и Црна Гора од листата на земји чии граѓани можат да влезат на нејзина територија и го намали списокот на 12 држави. Листата, која е составена врз основа на епидемиолошки критериуми, се ревидира секоја втора недела. Тоа е список на земји за кои „треба да се укинат“ ограничувањата за патување […]

Руски државни хакери ги напаѓаат и истражувачите на вакцината за корона вирусот


Истражувачките групи биле на мета на групата позната како АПТ29, која „речиси сигурно“ е дел од разузнавачките служби на Кремљ   Руски хакери спонзорирани од државата ги ставија на своја мета организации од Велика Британија, САД и Канада кои се вклучени во развој на вакцина против корона вирусот, тврдат британски безбедносни претставници. Националниот центар за […]

Анкета: Рејтингот на Трамп се намалува, на Бајден – зголемен


САД-Според последното испитување на расположението на јавноста на национално ниво спроведено од Универзитет Квинипек, Џо Бајден, сигурен демократски кандидат за претседател, води со 15 процентни поени пред претседателот Доналд Трамп, и ова е најголемата разлика регистрирана годинава. Анкетата, спроведена од 9 до 13 јули, покажа дека на следните претседателски избори во САД, закажани за 3 […]

Ковид-19: Американците повеќе му веруваат на Фаучи од Трамп


САД– Според најновото истражување на Универзитетот Кинипијак од Конектикат приближно 30 проценти од гласачите регистрирани во САД веруваат на информациите на претседателот Доналд Трамп за епидемијата со Ковид-19. Тоа значи дека 67 проценти од гласачите не му веруваат на Трамп за новиот коронавирус. Всушност само еден од тројца анкетирани изјавиле дека Трамп е искрен и […]

Вакцината на Оксфорд би можела да дава „двојна заштита“ од корона вирус


Вакцината што се развива на универзитетот Оксфорд е еден од водечките кандидати во глобалната трка за заштита од корона вирусот. Истражувачите од Оксфорд веруваат дека постигнале важен исчекор во развојот на вакцината против корона вирусот. Испитувањата на луѓе покажале ветувачки резултати, откако тимот открил дека вакцината може да обезбеди „двојна заштита“ од вирусот. Примероците на […]