Кој е Дритан Абазовиќ – човекот од кого зависи формирањето на владата во Црна Гора

Дритан Абазовиќ беше исфрлен во политичката орбита откако Мило Ѓукановиќ во Собранието го нарече „битанга“

Просрпските партии сега му се умилкуваат на „чесниот Албанец“, а само донеодамна го распнуваа на крст

 

Дритан Абазовиќ – е името што најчесто се споменува и се изговара по изборите во Црна Гора во неделата. Сите се прашуваат каде ќе тргне и што ќе избере овој 34-годишен самоуверен и, на зборови, проевропски доктор по политички науки од Улцињ, со албанско потекло, а со словенизирано презиме. Лидерот на партијата УРА (Обединета реформска акција) и на проевропската, но анти-Ѓукановиќ коалиција „Црно на бело“, во моментов е најбараниот постизборен младоженец на црногорската политичка сцена (во 2012 година тој беше најмладиот пратеник избран некогаш).

Неговите четири пратеници во новото собрание се на вагата (ние ќе одлучиме за сè, рече тој во пресрет на изборите) и тие одлучуваат за големата стратегиско-национална судбина на Црна Гора. Имено, по 30 година на власт дојдоа просрпските сили организирани и политички водени од Српската православна црква и од митрополитот Амфилохие, кои отворено го негираат постоењето на црногорската нација и независност и ја прифаќаат нејзината државност само како „друга српска држава“, или како според рускиот образец (рускиот свет) тие ја дефинираат Црна Гора како дел од „српскиот свет“.

Дритан Абазовиќ, кој се школуваше во Улцињ, а факултетот и докторатот го заврши во Сараево, има сосема поинаков идеолошки код. На денот на изборите, тој славеше со знамиња на Црна Гора и црногорската химна (просрпските партии веќе најавуваат промени во сегашните државни симболи, како што е „враќањето“ на тробојката, која е иста со српското знаме), за разлика од неговите сегашни партнери. Српски знамиња, раширени три прста и песна за „стражите на генералот Дража“. Затоа, добро познатиот црногорски публицист Дарко Шуковиќ вели дека тоа е „ contradictio in adjecta“ – пеење на црногорската химна за време на прославите во седиштето на УРА, „и по изборите, изборот на Демократскиот фронт како постизборен партнер“.

Коалицијата „За иднината на Црна Гора“, каде ДФ е главната алка, и коалицијата „Мирот е наша нација“ – се залагаат за свртување кон православната мајка Русија и напуштање на НАТО, а тој за сосема спротивно – тој е, како што вели, за цивилна и европска независна Црна Гора. Сепак, тој е фиксиран на Мило Ѓукановиќ, како цел што мора да ја уништи, кого не може да го смисли и можеби, како што велат некои, тој дури и се гледа себеси како негова алтернатива. Конечно, тој се прослави надвор од границите на Црна Гора токму благодарение на Мило Ѓукановиќ, односно расправијата со него во Собранието. Имено, во една кавга, Ѓукановиќ јавно го нарече „битанга“ и токму со таа навреда го исфрли во политичката орбита на Црна Гора.

Непредвидлив и амбициозен

За некои, тој е само кукла во рацете на просрпските сили (неговиот брат е бизнисмен во Србија) и човек кој ги привлече проевропските Црногорци на овие избори, на кои им е доста од Ѓукановиќ, но во „просрпските канџи“. Сепак, додека зборува за Црна Гора како суверена европска држава, во исто време тој некаде на друго место вели дека „Србија е најблиску до Црна Гора“. Некои што го познаваат подобро ќе кажат дека е непредвидлив, но и многу амбициозен, со големи очекувања во политиката. Дали тој ќе може да ги контролира своите пратеници, меѓу кои има и такви за кои е тешко да се поверува дека можат да кренат рака во собранието заедно со негирачите на црногорската нација и државност.

Сепак, иако сега проруско-просрпските играчи играат околу овој „чесен Албанец“, до неодамна го распнуваа на крст затоа што, како што велат, тој ги „вцрвенувал рацете од аплаузи“ за косовскиот претседател Хашим Тачи кога Абазовиќ го прогласи за почесен граѓанин на Улцињ во 2018 година. Во собранието, пратениците на ДФ го нарекоа „антисрпски скитник“. Затоа, интересно е како ќе се постави ако и кога на дневен ред ќе дојде укинувањето на признавањето на Косово.

Тој неодамна успеа да ја изнервира својата национална заедница, нарекувајќи го најголемиот албански херој Скендербег – Србин. Подоцна се обиде да се извлече од тоа, додека го фалеа про-Вучиќевските медиуми во Србија, истакнувајќи ја неговата „историско-етничка вистина“.

Затоа, гледајќи ги погледите и ставовите на Абазовиќ, многумина сметаат дека претстојната црногорска влада е неприродна и тешко е да се одржи.

Но, како што вели Шуковиќ – одговорот на прашањето дали Дритан е четник, гласи: не, но не е важно! Не е важно, бидејќи сите важни цели на СПЦ и ДФ ќе бидат постигнати во присуство на УРА како УНПРОФОР. (Јутарњи лист)