Италија предлага тестирање на патниците на аеродромите во ЕУ


Италија предлага соработка на земјите-членки на ЕУ во спроведувањето взаемни тестирања на коронавирусот, што пред се ќе се однесува на патниците на аеродромите, а со цел побрзо сузбивање на пандемијата.

– Мерката треба да се однесува на сите граѓани, без оглед на националноста, рече италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца.

Италијанската заменичка министер за здравство Сандра Зампа во интервју за „Кориере дела сера“ рече дека предлогот на Италија вклучува тестирање на туристи во рамки на Унијата врз основа на реципроцитет.

Според неа, треба да се тестираат туристите што заминуваат и патниците што се враќаат.

– Тоа е единствениот начин да се вратите на патување, но на безбеден начин, рече италијанската функционерка.

На 3 јуни, по речиси три месеци блокада поради пандемијата, Италија ги отвори своите граници за влез од земјите на ЕУ, а од 15 јуни Италијанците можат да ги посетуваат земјите на ЕУ без задолжителен карантин.