Сирија на Русите им отстапи дел од копното и морето за проширување на базата „Хмеим“


Сирија– Сириските власти се согласиле на Русија привремено да и  дадат на користење уште земјиште и крајбрежни води, со цел да ја прошират својата база „Хмеим“, пренесуваат британските медиуми. Денеска објавениот договор меѓу двете страни бил потпишан на 21 јули, а стапил во сила на 30 јули. Тој се однесува на копното и морето во […]

Рекорден број на инфекции Шпанија, Франција и Италија по олабавувањето на мерките


Француското Министерство за здравство во средата објави 3.776 нови потврдени инфекции со корона вирусот, со што вкупниот број достигна 225.043, при што дневниот извештај го надмина прагот од 3.000 по трет пат во пет дена. Седумдневниот просек на случаите сега е на 2.621, надминувајќи го прагот од 2.500 за прв пат од 19 април, кога […]

Меркел: Лукашенко треба да биде дел од дијалогот во Белорусија


Претседателот Лукашенко им наредил на полициските сили да ги спречат сите обиди за организирање нови протести додека ЕУ на вонредниот самит најави нови санкции и не ги призна резултатите од изборите   Александар Лукашенко треба да биде дел од разговорите за политички договор во Белорусија, изјави во средата германската канцеларка Ангела Меркел. Говорејќи пред новинарите […]

САД најавија дополнителна хуманитарна помош за Ирак во износ од 204 милиони долари


САД најавија дополнителни 204 милиони долари хуманитарна помош за Ирак, што ќе биде наменета за народот на Ирак, ирачките бегалци во регионот и за земјите каде се примени бегалците, соопшти денеска американскиот Стејт департмент. Од помошта 133 милиони долари ќе бидат од Бирото за население, бегалци и миграција на Стејт департментот, и повеќе од 71 […]

Ердоган: Заканите нема да не одвратат од потрагата за ресурси


Никакви закани не можат да ја одвратат Турција од намерата во источен Медитеран да трага по наоѓалиштата на природни ресурси, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Тој додаде дека Анкара очекува актерите во регионот да преземат чекори за смирување на тензиите. – Турција е одлучна до крај да бара исполнување на своите права во […]

Амбасадата на Русија упати протестна нота до Осло поради протерување на руски дипломат


Амбасадата на Русија во Норвешка денеска соопшти дека упатила официјална жалба до Осло откако норвешката полиција уапси и претресе руски дипломат, кој во меѓувреме е протеран од земјата. Претходно, портпаролката на норвешкото Министерство за надворешни работи, Сири Свендсен изјави дека Норвешка протера еден руски дипломат. Тоа уследи откако пред неколку дена во Осло беше уапсен […]

Помпео: САД наскоро ќе ги вратат сите санкции кон Иран


Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека Вашингтон набрзо ќе ги врати сите санкции кон Иран. Советот за безбедност на Обединети нации претходно го одби барањето на САД за продолжување на ембаргото на извозот на оружје за Иран. За да се активира барањето за враќање на санкциите, САД ќе мора да поднесе жалба до […]

Се избориле со коронавирусот, но развиле синдром на хроничен замор


Многумина кои се опоравиле од коронавирусот развиле синдром на хроничен замор и посттрауматско стресно нарушување (ПТСП), изјавил  главниот унгарски епидемиолог. Приближно 20 до 25 проценти од пациентите кои се опоравиле развиваат синдром на хроничен замор (ЦФС), а 10 проценти од оние кои се лекуваат на интензивна нега страдаат од ПТСП, соопшти Јанош Славик од Јужната […]

Летниот одмор тргнал наопаку: Околу 450 туристи ставени во карантин, некои дури се обиделе да избегаат


Околу 450 туристи се наоѓаат во изолација во одморалиште на северот на Сардинија, кое е ставено во карантин затоа што биле потврдени случаи на коронавирус, а две лица се обиделе да избегаат од тоа место. Стотици гости на туристичкото одморалиште Санто Стефано,кое му припаѓа на архипелагот Ла Мадалена, се во изолација од понеделник вечер, јавуваат […]

ЕУ не ги признава резултатите од изборите во Белорусија


Шефот на Европскиот совет Шарл Мишел соопшти дека 27-те земји членки на Европската унија не ги признаваат резултатите од претседателските избори во Белорусија и планираат да воспостават санкции кон оние кои биле вклучени во изборната измама и во репресијата врз оние кои излегоа на протестите по изборите. “Европската унија ќе воспостави санкции врз значителен број […]

Чешка го отфрла планот на СЗО за развој на вакцина против Ковид-19


Чешка – Чешкиот министер за здравство Адам Војтех изјави денеска дека земјата нема да учествува во планот на СЗО за развој и дистрибуција на вакцина против коронавирус – Ковакс. – Ние нема да се приклучиме на иницијативата на СЗО од неколку причини – правилата за нас се понеповолнис отколку да сме дел од европска иницијатива. Ние […]

Папата Франциск побара богатите да немаат приоритет за вакцината против Ковид-19


Папата Френциск денеска истакна дека е против секоја можност богатите да добијат приоритет при вакцинирањето против коронавирус. – Пандемијата е криза. Ние мора да излеземе од неа како подобри луѓе, рече папата. Говорејќи за време на својата седмична јавна аудиенција, тој рече дека по пандемијата на Ковид-19, животот нема да се врати во нормалност ако […]

Песков: Секое мешање однадвор во Белорусија е неприфатливо


Русија смета дека секоја странска интервенција во ситуацијата во Белорусија е неприфатлива, верувајќи дека Белорусите можат сами да ја решат ситуацијата, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин. -За жал, ние сме сведоци на обиди за такво (странско) мешање. Сметаме дека таквото мешање е неприфатливо, рече Песков пред новинарите. „Сакам да повторам, ние […]

Претседателот на Мали поднесе оставка и го распушти парламентот


Во кратко телевизиско обраќање, претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита, поднесе оставка и го распушти парламентот неколку часа откако беше уапсен од побунетите војници во вторникот. „Ако одредени елементи на нашите вооружени сили сакаат со нивна интервенција да ја прекинат кризата, дали воопшто имам избор?“, рече Кеита од воената база во Кати недалеку од главниот […]

(Фото) Екстремистички напад во Берлин?


  Шест лица се повредени во низа судари, кои ги предизвикал 30-годишен Ирачанец на пат во Берлин. „Според моменталните сознанија, тоа беше исламистички мотивиран напад“, вели портпаролот на обвинителството за магазинот Фокус, а пренесе Ројтерс. Постојат назнаки дека Ирачанецот имал психички проблеми. Од шесте лица кои се повредени, тројца се потешко повредени, кога маж вечерта […]

Во Куба почнуваат клиничките испитувања на вакцината „Суверенитет 01“ против Ковид-19


Следната недела ќе почнат клиничките испитувања за потенцијалната кубанска вакцина против Ковид-19, а резултатите од тие тестови ќе бидат достапни во февруари следната година. Според Си-Ен-Ен, вакцината наречена „Суверенитет 01“ ќе биде тестирана врз 676 лица, на возраст од 19 до 80 години, а истражувањето ќе заврши до 11 јануари 2021 година. На развојот на […]

Трудо побара запирање на работата на Парламентот до 23 септември и гласање доверба на владата


Канадскиот премиер, Џастин Трудо, соопшти дека замолил да запре работата на Парламетот до 23 септември. Претходно тој објави за смени на функционери во Владата.  Критичарите велат дека со ова „ресетирање“ на власта, Трудо сака да заташка скандали од пред повеќе години поврзани со конфликт на интереси и корупција околу една канадска градежна компанија која работела […]

Рекорден број смртни случаи за еден ден во Индија од почетокот на пандемијата


Во Индија, 1.092 луѓе починаа од корона вирус во изминатите 24 часа, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата во таа земја. Во Индија, досега, од Ковид-19 починаа повеќе од 53.000 луѓе, и според смртниот биланс, земјата е четврта во светот – по САД, Бразил и Мексико. Во […]

Морисон: Вакцината во Австралија ќе биде бесплатна


Австралија соопшти дека обезбедила пристап до потенцијалната вакцина против коронавирусот и дека ќе може да обезбеди бесплатни дози за целата 25-милионска популација на континентот. Тоа е вакцина што заеднички ја развиваат фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд. -Доколку клиничките испитувања бидат успешни, договорот со АстраЗенека ќе обезбеди брз пристап до вакцината за секој Австралиец, […]

Носењето маска ќе биде систематско на работните места во Франција


Франција – Носењето маска ќе биде систематско на работните места во Франција, што подразбира и во отворените работни простори – канцеларии (опен спејс), соопшти француската министерка за труд  Елизабет Борн, по состанокот со социјалните партнери. Со ова француските власти ги следат неодамнешните повици од неколку специјалисти за заразни болести да се намали ризикот од заразата, јави […]