Германски лекар со симптоми на Ковид-19 ставил 275 лица во карантин

Во Германија 115.000 луѓе потврдени позитивно од Ковид-19, а починаа 2.463 лица (Фото: Ројтерс)

 Германски лекар продолжил да работи и покрај тоа што имал симптоми на зараза со коронавирусот, поради што 275 лица во моментов се во карантин.Дури откако добил позитивен тест за коронавирусот, лекар наводно престанал да работи.

Според информациите на „Бајришер Рундфунк“, најмалку пет лица со кои докторот имал контакт се позитивни на коронавирусот.

Германските власти анализираат дали лекарот сторил кривично дело со своите несовесни постапки.