СЗО: Можно е воведување електронски сертификати за вакцинација


Светската здравствена организација (СЗО) не препорачува земјите-членки да издаваат „пасоши за имунизација“ на граѓаните кои се опоравиле од Ковид-19, но смета дека е можно да се воведат електронски сертификати со кои се потврдува вакцинацијата за патувања во странство, изјави  Сидарта Санкар Дата, експерт од регионалната канцеларија на СЗО за Европа. – Ние темелно ја истражуваме можноста […]

(Видео) Голема експлозија кај Бристол, има и жртви


Голема експлозија се случи во складиште во Ејвонмут, индустриска област во близина на Бристол, а противпожарната служба објави дека има жртви. Еден од сведоците рече дека се слушнала „многу силна експлозија“, која ги потресла зградите, додека друг рече дека десетина амбуланти излегле на местото на настанот, пренесува Би Би Си. Έκρηξη κοντά το Bristol – […]

Жискар Дестен беше еден од главните творци на новата европска архитектура


Она што сега е Европската унија главно е заслуга на двајца големи лидери: Валери Жискар Дестен и германскиот канцелар Хелмут Шмит. Иницијатива на Жискар беше формирањето на клубот на најбогатите Г7   Поранешниот француски претседател Валери Жискар Дестен, водечки поборник за европска интеграција кој ја одведе својата земја во нова модерна ера, почина од Ковид-19, […]

Во Словенија починаа 45, во Унгарија рекордни 182 лица, во Русија 554


Според последните податоци од денеска во Словенија починале 45 лица од Ковид-19, со што вкупната бројка на жртви се искачи на 1.592. Потврдени се нови 1.772 инфекции од 6.604 тестирања. Моментално има активни 20.277 случаи. Унгарија сигна до црниот рекорд на починати од почетокот на пандемијата во еден ден – 182 лица. Вкупната бројка на […]

Уште еден анти геј политичар фатен во друштво на гол маж


За време на конференцискиот видео повик од парламентарната комисија за култура, литванскиот пратеник Петрас Гражулис доживеа срам што го направи цел на потсмев за рекордно време. Имено, за време на состанокот што беше пренесуван во живо на каналот Јутјуб на Парламентот на Литванија, околу 13-тата минута, Гражулис ја вклучи камерата, а зад него јасно можеше […]

Пандемијата е извор на заработка за италијанската мафија


  Организираниот криминал успеа да извлече корист од вонредната ситуација предизвикана до пандемијата од Ковид-19 во мерка која загрижува, наведува италијанскиот весник „Ил фато Коридијано“, пренесувајќи извештај од Здружението антимафија, составен врз основа на полициски извештаи, тужби и телефонско прислушување и други факти прибрани ширум Италија. Во извештајот се цитираат зборови од еден мафијашки шеф […]

Студија: Најчесто се инфицираат со корона вирус луѓето кои остануваат во домовите со веќе заразени членови на семејството


Заразените членови на семејството се најчестиот извор на инфекција со корона вирус, велат научниците, кои ги објавија информации за нивната студија во списанието „Сајанс“. Кинески експерти анализирале податоци од 1.178 пациенти и 15.648 нивни блиски контакти во провинцијата Хунан за да го откријат најчестиот начин на пренесување на инфекцијата. Откриле дека ризикот од заразување со […]

Финската Влада договори стратегија за вакцинација против Ковид-19


Финската Влада денеска соопшти дека договорила национална стратегија за вакцинирање против Ковид-19. Властите планираат вакцините да бидат достапни за секого и да почнат со вакцинирање на избрани здравствен персонал од јануари натаму. – Целта на Финска е да го заштити целото население со бесплатна вакцина за сите оние кои сакаат да се вакцинираат и кои немаат здравствени […]

Во Италија, првпат, рекорден број излекувани од корона вирус за еден ден


Италијанските медиуми како прва вест, првпат од почетокот на пандемијата со Ковид-19, го наведуваат рекордниот број пациенти кои се опоравиле од коронавирусот – 38.740 лица за еден ден. Дневниот весник „Авенире“ пишува дека во моментов 761 илјади луѓе се позитивни на вирусот, од кои повеќето се во домашна изолација. Втора недела по ред се намалуваат […]

Фаучи: Велика Британија не ја проучи вакцината внимателно за разлика од САД


Британските здравствени регулатори кои ја одобрија вакцината на Фајзер против Ковид-19 не ги проучувале податоците од студијата толку внимателно како што ги испитува американската Администрација за храна и лекови (ФДА) во својот преглед, тврди Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести. – Начинот на кој го прави нашата ФДА е вистински […]

Канабисот отстранет од списокот на најопасни дроги на ОН


Комисијата на ОН за наркотици го отстрани канабисот од списокот на најопасни дроги, на кој се наоѓаат и хероинот и синтетичките опијати. Канабисот е опфатен со Единствената конвенција за опојни дроги во 1961 година. Тој беше вклучен во категорија што дозволува национални забрани за дроги со „особено опасни својства“. Потегот на Комисијата на ОН за наркотици, чие седиште […]

Директорот на „Фајзер“: До крајот на 2021 година ќе има повеќе вакцини од потребното


Генералниот директор на компанијата „Фајзер“ Алберт Бурла апелираше на владите низ светот да не ги отвораат економиите премногу брзо поради оптимизмот од потенцијални вакцини против Ковид-19. – Имајќи го предвид притисокот за отворање на економиите, владите не треба да направат грешка и веднаш да ги олеснат рестриктивните мерки, истакна Бурла на една онлајн конференција. Според […]

Снег предизвика проблеми во јужниот и источниот дел на Австрија


Врнежи од снег ги зафатија југот и истокот на Австрија и предизвикаа проблеми на повеќе патишта. Обилните врнежи почнале во текот на ноќта во јужниот дел на земјата, а потоа снегот стигнал и до истокот, а со тоа и во главниот град Виена. Во Виена прво врнел леден дожд, кој се претвори во снежни врнежи, поради што […]

Во Русија рекорден број на новозаразени со корона вирусот од почетокот на пандемијата


Русија денеска регистрира 28.145 нови случаи на корона вирусот, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата, со што вкупниот број на пациенти достигна 2.375.546. Во истиот период од последици од Ковид-19 починаа уште 554 луѓе, па вкупниот број на пациенти кои ја изгубиле борбата против коронавирусот сега изнесува 41.607, соопшти руското Министерство за […]

Иванка Трамп сослушана под заклетва поради злоупотреба на пари


САД– Иванка Трамп е сослушана под заклетва во рамки на граѓанскиот спор, кој се однесува на злоупотреба на непрофитни средства за инаугурацијата на нејзиниот татко пред четири години. Иванка е ќерка и советничка на претседателот на САД, Доналд Трамп. Канцеларијата на државниот обвинител во округот Колумбија, Карл Расин, откри во судскиот акт дека излагањето било […]

Светна Божикната елка во Њујорк


САД-Една од најраскошните Божикни елки, препознатливата норвешка смрека, светна пред центарот Рокфелер во Њујорк, САД. Божикното дрво е високо 75 метри и тешко 12 тони, а украсено е со 50 илјади разнобојни лед светилки и кристална ѕвезда  „Сваровски“ на врвот. Церемонијата на поставувањето и китењето на празничната елка пред Рокфелер центарот во метрополата оваа година […]

Рекорден број починати од Ковид-19 за еден ден во САД


Во изминатите 24 часа во САД е регистриран рекорден број на смртни случаи од коронавирус – 2.658, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс. Според Универзитетот, дневниот просек на починати во САД во овој период изнесува 1.531 лице. Во изминатото деноноќие во земјата се хоспитализирани и рекордни 100.226 пациенти заразени со Ковид-19. 

Тајно снимани челниците на Си-ен-ен


Проектот „Веритас“ објави тајно снимани аудио снимки од телефонски разговори на раководстовот на Си-ен-ен, за кои тврди дека укажуваат на политичка пристрасност на мрежата. Се се случувало, како што наведува за време на предизборната кампања на претседателските избори во САД, а по објавувањето на снимките од Си-ен-ен најавија тужба против „Веритас“, наведувајќи дека можеви се […]

Министерски совет на ОБСЕ, се очекува избор на извршители на најважните функции


Денеска и утре се одржува годишниот министерски совет на ОБСЕ на кој се очекува земјите членки да постигнат договор за избор на неколку најважни позиции во оваа најголема регионална безбедносна организација. Од јули до сега претставниците на 57-те земји-членки не успеаја да постигнат договор за неколку водечки позиции во ОБСЕ. Германската дипломатка Хелга Шмид е главен фаворит за нов генерален секретар на Организацијата […]

Франција поради екстремизам проверува 76 џамии


  Француската влада во борбата против екстремизмот ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на џамиите. Ова го најави министерот за внатрешни работи Жерар Дерманин. Тој на Твитер нашиша дека една од акциите ќе биде и проверка на 76 џамии. Дарманин истакна дека резултатот на тие екции, ако се утврдат […]