Тргнаа првите камиони со вакцини за ЕУ


Белгија – Три камиони-ладилници со вакцини против Ковид-19 за граѓаните на Европска Унија денеска тргнаа од фабриката на американската фармацевстка компанија Фајзер, лоцирана во североисточна Белгија.

Земјите-членки на ЕУ ќе почнат имунизација на населението со вакцината на Фајзер и БиоНтек од 27 декември.

Фајзер не открива во кои држави вакцините прво ќе пристигнат, а камионите се придружувани од полициски автомобили.