Швајцарија пред ЕУ започна со вакцинација против короната

Вакцинирањето против КОВИД-19 започна во неколку швајцарски региони, четири дена пред закажаниот почеток на имунизацијата во Европската унија.

Првата личност во Швајцарија која примила вакцина против КОВИД-19, болест предизвикана од корона вирусот, е 90-годишна жена во дом за стари лица во близина на Луцерн, пренесува Ројтерс.

Според швајцарската стратегија за имунизација, прво ќе се вакцинираат старите лица и пациентите со хронични заболувања, а потоа следуваат здравствените работници и оние кои живеат во домаќинства со ранливи лица.

Швајцарија, која не е членка на ЕУ, во саботата ја одобри вакцината изработена од германската компанија „БиоНТех“ и нејзиниот американски партнер „Фајзер“. Првите 110.000 дози пристигнаа во Швајцарија во вторникот.