Големата германска група на регионални весници погодена од сајбер атак


БЕРЛИН – Регионална група весници во Германија стана мета на сајбер напад, спречувајќи ја да ги објавува своите редовни изданија во средата.

Медиумската група „Функе“ соопшти дека нападот, кој започна во вторникот, влијае на бројни компјутерски системи во редакциите и погоните за печатење низ целата земја.

„Во нападот виновниците ги енкриптираа податоци за ИТ системите на медиумската групација ‘Функе’“, се вели во соопштението на издавачот.

Компанијата соопшти дека е „подготвена за такво сценарио“ и веднаш ги алармирала домашните и надворешните ИТ експерти да го испитаат нападот, а исто така ја предупредиле полицијата.

Групата, која тврди дека достигнува повеќе од 3,3 милиони читатели на национално ниво со весници, а го вклучува и дневниот весник „Моргенпост“ во Берлин, рече дека е принудена да објави намалени изданија во средата. Читателите ќе добијат целосен пристап до целата нејзина содржина бесплатно на интернет, додава таа.

Не беше веднаш јасно зошто компанијата била мета.

Минатиот месец, најголемата новинска агенција Данска, Рицау, беше офлајн неколку дена откако хакерите побараа откуп за да ги отклучат блокираните податоци. Агенцијата соопшти дека одбила да плати.

Извршниот директор на Рицау, Ларс Вестерлоке, не можеше да каже колку е големо барањето за откуп затоа што оние што стојат зад „професионалниот напад“ оставиле „досие со порака“ што агенцијата не ја отворила по упатствата на нејзините советници. (АП)