Европа вчера драстично го надмина минатиот „црн петок“ по бројот на заразени


Хрватска– Европа вчера имаше ново најголемо зголемување од дури 134.695 заразени, според податоците на „Ворлдметерс“, по завчерашните 106.379, додека претходно највисок број на новозаразени беше минатиот петок, со  110.051 нови случаи. Азија како втор континентален регион според бројот на новоинфицирани има 103.938 заразени, но поголем број мртви – 1522. И по завчерашните 1117 смртни случаи …

Европа вчера драстично го надмина минатиот „црн петок“ по бројот на заразени Read More »

Песков: Новите санкции на ЕУ се непријателски чекор против Русија


  Новите санкции на ЕУ кон Русија се намерен непријателски чекор, во кој нема логика, изјави пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „На наше огромно жалење, ова е намерен непријателски чекор против Русија“, истакна Песков, додавајќи дека Советот на ЕУ ги нарушил односите со Русија со донесувањето на таа одлука, јави ТАСС. Според него, …

Песков: Новите санкции на ЕУ се непријателски чекор против Русија Read More »

СЗО: Епидемиолошката ситуација во Европа е многу загрижувачка


  Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа денеска оцени дека ситуацијата на континентот во однос на пандемијата на коронавирус е причина за „голема загриженост“. Поради зголемениот број на дневни случаи на Ковид-19 пријавени низ цела Европа, државите, вклучувајќи ги Германија, Велика Британија, Холандија и Шпанија започнаа да воведуваат дополнителни мерки за да го …

СЗО: Епидемиолошката ситуација во Европа е многу загрижувачка Read More »

Чешка ќе почне да гради капацитети за пациенти со Ковид-19 надвор од болниците


Чешка ќе почне да гради капацитети за пациенти со Ковид-19 надвор од болниците, соопштија властите денеска, додека дневното зголемување на новите случаи на коронавирус поставува нови рекорди. Министерот за внатрешни работи Јан Хамацек изјави дека армијата од сабота ќе почне да гради простор за 500 болнички кревети на саемите во Прага. Земјата со 10,7 милиони …

Чешка ќе почне да гради капацитети за пациенти со Ковид-19 надвор од болниците Read More »

Полицијата во Франција претресува дом и канцеларии на министерот за здравство


Домот и канцелариите на францускиот министер за здравство Оливие Веран и на генералниот директор за здравство денеска беа цел на претрес на полицијата, како дел од судската истрага за постапувањето на Владата со пандемијата Ковид-19, јавија француски медиуми. Судска истрага беше отворена во Франција во јуни за справување со пандемијата, откако беа поднесени официјални жалби …

Полицијата во Франција претресува дом и канцеларии на министерот за здравство Read More »

Поради пандемијата откажана седницата на Европскиот парламент во Стразбур


Седницата на Европскиот парламент, планирана од 19 до 22 октомври, поради пандемијата на коронавирусот, нема да се одржи во Стразбур, туку ќе биде организирана видео-конференција, објави денеска претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. „Со жалење соопштувам дека пленарната седница следната недела нема да се одржи во Стразбур, туку ќе биде на далечина“, напиша Сасоли на …

Поради пандемијата откажана седницата на Европскиот парламент во Стразбур Read More »

Германија со апсолутен рекорд: Поблиску сме до заклучување отколку што веруваме


  Во последните 24 часа Германија пријави 6.638 новозаразени со корона вирус, што е највисок дневен пораст од март, кога беа регистрирани 6.294 случаи. Поради порастот на заболените од корона вирус, во Германија во средата беше одржан состанок на канцеларката Ангела Меркел и првите луѓе на покраините на кој се зборуваше за заострување на мерките …

Германија со апсолутен рекорд: Поблиску сме до заклучување отколку што веруваме Read More »

Пандемијата предизвикува епидемија на осаменост


За борба против ширењето на коронавирусот, на сите им се препорачува да избегнуваат физички контакти, така што луѓето ширум светот постепено се навикнаа на еден од главните несакани ефекти на социјалното дистанцирање – осаменоста. Научниците сега стравуваат дека присилната изолација раѓа нов вид епидемија, бидејќи многу луѓе кои се принудени на осаменост сега се повеќе …

Пандемијата предизвикува епидемија на осаменост Read More »

СЗО: Здрава млада личност можеби ќе мора да почека до 2022 година за вакцинација од Ковид-19


Швајцарија–  Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумја Сваминатан, изјави дека е мала веројатноста за брза и масовна вакцинација против новиот коронавирус. Таа рече дека мнозинството се согласува дека прво треба да се вакцинираат здравствените работници, но дури и со нив треба да се утврди кој е со најголем ризик, а потоа на ред …

СЗО: Здрава млада личност можеби ќе мора да почека до 2022 година за вакцинација од Ковид-19 Read More »

Чешка со повеќе од 9.500 новозаболени дневно


  Чешка пријави 9.544 нови случаи со Ковид-19, што е најголем еднодневен пораст од почетокот на епидемијата, покажаа денеска податоците на Министерството за здравство. Вкупниот број случаи откриени од избивањето на епидемијата во март, речиси двојно се зголеми само во октомври, на 139.290, затоа што земјата од 10,7 милиони луше се соочува со најголем пораст …

Чешка со повеќе од 9.500 новозаболени дневно Read More »

Студија: Климатските промени веќе го трансформираат Нов Зеланд


Нов Зеланд- Климатските промени веќе се чувствуваат на Нов Зеланд и ја трансформираат земјата, се наведува во новиот извештај на владините експерти, пренесува ДПА. Извештајот вклучува анализа на податоци за температурата од 30 точки, според кои климата во земјата се затоплува. Мерењата направени помеѓу 1972 и 2019 година покажуваат зголемување на просечната годишна температура на 28 …

Студија: Климатските промени веќе го трансформираат Нов Зеланд Read More »

Бајден и демократите собраа рекордни 383 милиони долари во септември за изборната кампања


САД– Кандидатот за претседател на САД, Џо Бајден и неговата Демократска партија собраа рекордни 383 милиони долари за кампањата во Белата куќа. Кампањата сега има дури 432 милиони долари во готовина, според нејзиниот менаџер Џен О’Мали Дилан. Донациите за Бајден се зголемија откако тој обезбеди номинацијата на демократите. За време на првичните избори, поранешниот потпретседател …

Бајден и демократите собраа рекордни 383 милиони долари во септември за изборната кампања Read More »

Американскиот магазин „Nature“ со поддршка за Бајден наместо за „опасниот“ Трамп


САД–  Научното списание „Nature“ го поддржа кандидатот на демократите за претседател на САД Џо Бајден, осудувајќи ги изјавите на претседателот Доналд Трамп за низа прашања, вклучувајќи го и неговиот „катастрофален“ одговор на пандемијата на коронавирусот. Магазинот соопшти дека е „незамисливо“ Трамп да се повлече од Светската здравствена организација (СЗО) среде пандемија, истовремено критикувајќи ја неговата …

Американскиот магазин „Nature“ со поддршка за Бајден наместо за „опасниот“ Трамп Read More »

И во Германија рекорден број инфекции – 6.638


Германија објави рекордно дневно зголемување на потврдените инфекции со коронавирус, додавајќи 6.638 случаи и вкупниот број од почетокот на пандемијата сега изнесува 341.223. Претходното рекордно дневно зголемување на Германија беше 6.294 на 28 март, според податоците на Институтот „Роберт Кох“. Податоците од четвртокот покажаа дека бројот на починати се зголемил за 33 на 9.710. Според …

И во Германија рекорден број инфекции – 6.638 Read More »

Синот на Трамп, Барон, бил позитивен на корона


Барон, 14-годишниот син на претседателот Доналд Трамп, е позитивен на Ковид-19, но не покажал никакви симптоми, откако и двајцата негови родители се заразија со вирусот, изјави во средата првата дама Меланија Трамп. „За среќа, тој е силен тинејџер и не покажа симптоми“, рече Меланија Трамп во изјавата. Таа рече дека оттогаш Барон има негативен тест …

Синот на Трамп, Барон, бил позитивен на корона Read More »

Макрон: За прекршување на полицискиот час казна од 135 евра


Францускиот претседател Емануел Макрон во средата изјави дека секој што ќе прекрши полициски час што треба да се воведе во поголемите градови ќе биде казнет со 135 евра. Говорејќи во интервју емитувано на националната телевизија, Макрон рече дека, додека трае полицискиот час, луѓето ќе мора да заборават на ноќните посети на ресторани или на куќи …

Макрон: За прекршување на полицискиот час казна од 135 евра Read More »

Њујорк тајмс: ЕУ санкционира блиски соработници на Путин поради труењето на Навални  


ЕУ ќе ги замрзне финансиите и ќе забрани влез во Унијата на шест блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин поради труењето и обидот за атентат со отровен хемиски агенс врз рускиот опозиционер Алексеј Навални, дознава Њујорк Тајмс.  Весникот наведува дека под санкции потпаѓаат едни од највисоко поставените службеници во руската власт: Александар Бортников, директор на …

Њујорк тајмс: ЕУ санкционира блиски соработници на Путин поради труењето на Навални   Read More »

Азербејџан освои делови во Нагорно Карабах


Азербејџан во судирите со ерменските сили освои неколку локации во Нагорно Карабах. – Азербејџан успеа да го придвижи бојното поле подлабоко во конфликтниот регион, изјави Араџик Харутјунјан, регионален лидер на Нагорно Карабах. Ерменската војска потврди дека азербејџанските сили успеале да навлезат во нови подрачја, што е првпат Ереван да признае воен напредок на своите непријатели. …

Азербејџан освои делови во Нагорно Карабах Read More »

Макрон објави полициски час во Париз и осум други градови


Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва објави дека се воведува полициски час за време на кој сите мора да бидат дома од 21 до 6 часот за регионот Париз, како и градовите Руан, Лил, Сент Етјен, Лион, Гренобл, Монпелје, Марсеј и Тулуз. Полицискиот час ќе започне во сабота и ќе трае четири недели, рече тој. Обраќајќи …

Макрон објави полициски час во Париз и осум други градови Read More »

ЦДЦ: Вакцината против Ковид-19 на почеток не треба да им се препорачува на децата


САД – Вакцината против Ковид-19, кога ќе стане достапна, на самиот почеток не треба да им се препорачува на децата бидејќи во сегашната фаза на истражување таа не е тестирана врз деца, е ставот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Децата ретко развиваат симптоми на вирусот, а ЦДЦ наведува дека вакцината досега …

ЦДЦ: Вакцината против Ковид-19 на почеток не треба да им се препорачува на децата Read More »