Макрон објави полициски час во Париз и осум други градови

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва објави дека се воведува полициски час за време на кој сите мора да бидат дома од 21 до 6 часот за регионот Париз, како и градовите Руан, Лил, Сент Етјен, Лион, Гренобл, Монпелје, Марсеј и Тулуз. Полицискиот час ќе започне во сабота и ќе трае четири недели, рече тој.

Обраќајќи ѝ се на нацијата да ги објави новите ограничувања, Макрон рече дека пандемијата е „загрижувачка“, но дека „не ја изгубивме контролата врз ситуацијата“. Иако вирусот се шири низ цела Франција, второто национално заклучување ќе биде непропорционално, рече тој.

Макрон рече дека секој што ќе излезе за време на полицискиот час ќе треба да има добра причина, а тоа значи дека повеќе нема да се оди во ресторани или да посета на пријателите по 21 часот.

Секој што ќе ги прекрши правилата за полициски час ќе биде казнет со 135 евра, рече претседателот.

Тој додаде дека нема да има ограничувања за јавниот превоз и нема ограничувања за патувања меѓу регионите на Франција.

Франција објави денеска уште нови 22.591 потврдени случаи на корона вирус. Тоа значи дека дневниот биланс е над 20.000 по трет пат во рок од шест дена.

Кумулативниот број на потврдени случаи се искачи на 779.063. Хоспитализациите и смртните случаи поврзани со болеста, исто така, растат. Бројот на загинати се зголеми за 104 во последните 24 часа, со што бројката се искачи на 33.037, со што Франција стана деветтата земја во светот што забележала повеќе од 33.000 жртви поврзани со Ковид.

Макрон рече дека не треба да има повеќе од шест лица околу масата за семејни собири. Исклучоци може да се направат за луѓе со повеќе од шест лица во нивното потесно семејство.