Американскиот магазин „Nature“ со поддршка за Бајден наместо за „опасниот“ Трамп

САД–  Научното списание „Nature“ го поддржа кандидатот на демократите за претседател на САД Џо Бајден, осудувајќи ги изјавите на претседателот Доналд Трамп за низа прашања, вклучувајќи го и неговиот „катастрофален“ одговор на пандемијата на коронавирусот.

Магазинот соопшти дека е „незамисливо“ Трамп да се повлече од Светската здравствена организација (СЗО) среде пандемија, истовремено критикувајќи ја неговата „премолчена“ поддршка за белите националисти во САД.

Понатаму, списанието е на мислење дека пристапот на Трамп „ги забрзува климатските промени“.

Од друга страна, истакна магазинот, Бајден ја поддржува науката, соработува со ривалите и може да ја поправи штетата направена на меѓународните односи на САД.

„Ниту еден американски претседател во поновата историја не нападна толку неуморно и поткопа толку многу вредни институции, од научни агенции до медиуми, судови, Министерството за правда – па дури и изборниот систем“, пишува списанието за Трамп.

Објаснувајќи ја својата позиција, тие наведуваат дека „едно од најопасните наследства на оваа администрација ќе биде срамното мешање во здравствените и научните агенции“.

Тој потег е најнов во низата говори против Трамп пред изборите на 3 ноември од инаку непристрасни институции.

Scietific American, за прв пат во својата 175-годишна историја, исто така го поддржа Бајден, а „The New England Journal of Medicine“ го осуди Трамп, но не поддржа експлицитно ниту еден кандидат.