Синот на Трамп, Барон, бил позитивен на корона


Барон, 14-годишниот син на претседателот Доналд Трамп, е позитивен на Ковид-19, но не покажал никакви симптоми, откако и двајцата негови родители се заразија со вирусот, изјави во средата првата дама Меланија Трамп.

„За среќа, тој е силен тинејџер и не покажа симптоми“, рече Меланија Трамп во изјавата. Таа рече дека оттогаш Барон има негативен тест за вирусот.