Шпанските региони ја повикаа шпанската Влада да воведе вонредна состојба


Шпанските региони ја повикаа шпанската Влада да воведе вонредна состојба, што ќе ја постави правната основа за воведување полициски час во борбата против пандемијата на Ковид-19. Десет шпански региони ја повикаа Владата да прогласи вонредна состојба, што ќе им овозможи да воведат ограничувања на движењето на луѓето. Регионите очекуваат владата да свика вонреден министерски совет …

Шпанските региони ја повикаа шпанската Влада да воведе вонредна состојба Read More »

Министерот за надворешни работи на Словенија ги „испрати“ во карантин колегите од Летонија, Естонија и Литванија


Министрите за надворешни работи на сите три балтички земји од денеска се во карантин, бидејќи нивниот словенечки колега е позитивен на новиот коронавирус. Анже Логар беше позитивен во петокот, а во четвртокот ја заврши турнејата низ балтичките земји, каде се сретна со колегите од Летонија, Едгарс Ринкевичиус, Естонија Урмас Реинсалу и Литванија, Линас Линкевичиус. Неколу …

Министерот за надворешни работи на Словенија ги „испрати“ во карантин колегите од Летонија, Естонија и Литванија Read More »

Во Австрија над 3.000 новозаразени за еден ден, најмногу до сега


Австрија, од почетокот на пандемијата, денеска забележа рекорден број новозаразени од Ковид-19, над 3.000 лица. Веќе неколку дена Австрија бележи бројка од над 2.000, односно 2.500 заразени лица, а во изминатите 24 часа ја надмина бројката од 3.000, со вкупно 3.614 нови случаи на инфекција со коронавирус. Овој рекорден број е утврден врз основа на …

Во Австрија над 3.000 новозаразени за еден ден, најмногу до сега Read More »

И полскиот претседател Анджеј Дуда позитивен на коронавирус


Полскиот претседател Анджеј Дуда е позитивен на коронавирусот, објави денеска неговиот портпарол Блажеј Спихалски. Тој напиша на Твитер дека Дуда се чувствува добро. „Претседателот вчера беше тестиран на коронавирусот и резултатот е позитивен. Тој се чувствува добро. Ние сме во постојан контакт со надлежните медицински служби”, напиша Спихалски.

Хаос во Неапол по воведувањето карантин


Околу 2.000 луѓе се собраа на плоштадот Санта Луција во Неапол, вчера  вечерта, во знак на протест против ограничувачките мерки кои регионот Кампанија ги воведе поради вирусот корона, пренесоа италијанските медиуми. Собраните демонстранти извикуваа „сакаме слобода“, а потоа се собраа околу зградата на регионалната влада и го блокираа пристапот од страна на морскиот брег. Италијанските …

Хаос во Неапол по воведувањето карантин Read More »

Во пратка со отпад од Србија за Парагвај најдени тела на мигранти


Пaрaгвaјски претстaвници нa Влaдaтa соопштијa декa се откриени телa нa седум мигрaнти во фaзa нa рaспaѓaње во прaткa со отпaд од Србијa откaко бил отворен контејнерот од рaботниците нa еднa компaнијa увозник нa прaткaтa. Контејнерот бил нaтовaрен во Србијa, потоa преку Aргентинa и други земји пaтувaл три месеци до крaјнaтa дестинaцијa.Мигрaнтите биле со мaрокaнско потекло, …

Во пратка со отпад од Србија за Парагвај најдени тела на мигранти Read More »

СЗО изработува упатства за употреба на лекот ремдесивир


Светската здравствена организација соопшти дека работи на изработка на упатства за употреба на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со Ковид-19, кои треба да бидат објавени за три до четири недели. Комисијата на СЗО ќе се состане следната недела за да ги разгледа записите за ефикасност на лекот произведен од компанијата „Гилид сајенсиз“. Главниот научник …

СЗО изработува упатства за употреба на лекот ремдесивир Read More »

Во САД во последните 24 часа се заразиле повеќе од 80.000 лица, најмногу до сега


Рекорден број од повеќе од 80.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во САД во последните 24 часа. Универзитетот „Џон Хопкинс“ соопшти дека се потврдени 80.005 нови случаи во најзагрозената земја во светот. Претходниот рекорд беше на 16 јули, кога за еден ден беа потврдени 77.362 нови случаи. Црниот биланс доаѓа во време кога расте …

Во САД во последните 24 часа се заразиле повеќе од 80.000 лица, најмногу до сега Read More »

Протести во Полска поради строгите мерки за коронавирус


Десетици илјади луѓе синоќа се собраа на улиците во Полска да протестираат против строгите мерки наметнати поради пандемијата на коронавирусот. Протестите се случија еден ден по демонстрациите околу одлуката на Уставниот суд за речиси целосна забрана за абортус. Во Полска стапија на сила нови ограничувања за борба против пандемијата, вклучително и затворање ресторани и кафулиња …

Протести во Полска поради строгите мерки за коронавирус Read More »

Последната дебата меѓу Трамп и Бајден ја следеле 63 милиони луѓе


Околу 63 милиони луѓе ја следеле дебатата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во четвртокот вечерта, објави Си-Ен-Ен. Првично беше објавено дека 55,2 милиони луѓе ја следеле дебатата, но во тој број не биле вклучени гледачите на кабелската мрежа. За време на настанот во четвртокот, Бајден ги продолжи нападите врз …

Последната дебата меѓу Трамп и Бајден ја следеле 63 милиони луѓе Read More »

Во Франција над милион заразени од Ковид-19, за 24 часа речиси 300 смртни случаи


Во последните 24 часа во Франција починаа 298 лица од Ковид-19, а притоа се откриени нови рекордни 42.032 случаи на заразени, јави дописникот на МИА од Париз. Епидемијата на коронавирус синоќа во Франција го надмина прагот од еден милион случаи откриени од почетокот на епидемијата, крајот на јануари 2020 година. Оттогаш, според здравствените податоци на …

Во Франција над милион заразени од Ковид-19, за 24 часа речиси 300 смртни случаи Read More »

Повеќе од 50 милиони Американци веќе гласаа, се очекува најголема излезност од 1908


Повеќе од 25 милиони Американци гласаа преку пошта и лично во текот на првата недела од раното гласање до саботата, бројка која е поголема од двојно за една недела. Доколку темпото се задржи, од одѕивот на изборите во 2020 година може да го урне рекордот на излезност стар еден век од 1908 година, кога гласаа …

Повеќе од 50 милиони Американци веќе гласаа, се очекува најголема излезност од 1908 Read More »

Дер Лајен: За да го запреме вирусот, треба да се тестираме што повеќе


 Европската комисија издвои 100 милиони евра за купување од 15 до 22 милиони брзи тестови за Ковид-19. Парите се издвоени од Европскиот инструмент за итна поддршка и треба да ги покријат тековните потреби на ЕУ, посочува Брисел.  – За да го запреме вирусот, треба да се тестираме што е можно повеќе. Брзото тестирање, со брзи резултати, …

Дер Лајен: За да го запреме вирусот, треба да се тестираме што повеќе Read More »

Казна од 100 до 500 евра за Португалците што надвор нема да носат маска


Во Португалија денеска е донесена мерка за задолжително носење заштитни маски на отворено каде има метеж, со цел да се запре зголемувањето на бројот на заразени со корона вирус. Сите лица постари од 10 години ќе бидат обврзани да носат заштитни маски на отворено кога не е можно да се одржи физичко растојание, а мерката …

Казна од 100 до 500 евра за Португалците што надвор нема да носат маска Read More »

Италија со рекорден број новозаразени, повеќе од 19.000


Во Италија во последните 24 часа се потврдени 19.143 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата, соопшти Министерството за здравство. Претходниот рекорд беше вчера, кога имаше 16.079 новоинфицирани. Во Италија, од почетокот на епидемијата, потврдени се 484.869 случаи на Ковид-19, а починале 37.059 лица. 

Чешкиот министер за здравство ќе мора да си оди откако ги прекрши правилата кои самиот ги воведе


Роман Примула беше фотографиран како напушта еден ресторан во Прага кој бил тајно отворен само заради него   Министерот за здравство на Чешка изгледа ќе ја изгуби работата откако посети ресторан во Прага во она што се чини дека претставува кршење на прописите што тој ги воспостави во обид да ја добие сѐ поочајната битка …

Чешкиот министер за здравство ќе мора да си оди откако ги прекрши правилата кои самиот ги воведе Read More »

Австрија и Холандија со рекорден број заразени од Ковид-19


Австрија и Холандија во последното деноноќие имаат рекорден број заразени лица од Ковид-19. Австрија втор ден по ред поставува нов рекорд во бројот на новоинфицирани, кој по вчерашните 2.452 денеска достигна 2.571 и 13 смртни случаи. Покрај тоа, Виена продолжува да регистрира сѐ поголем број новозаразени, а во последните 24 часа, во австрискиот главен град …

Австрија и Холандија со рекорден број заразени од Ковид-19 Read More »

Стотина италијански научници упатија апел за итни мерки против корона вирусот


Повеќе од сто италијански научници од различни професионални сфери упатија апел до претседателот и премиерот на Италија, изразувајќи загриженост во врска со секојдневното зголемување на бројот на лица заразени со Ковид-19. Тие во писмото наведуваат дека е потребно, паралелно со мерките за зачувување на економијата и работните места, да се зачува и правото на индивидуално …

Стотина италијански научници упатија апел за итни мерки против корона вирусот Read More »

Солберг: Норвешка следната недела ќе воведе построги мерки


Норвешка следната недела ќе објави построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот по неодамнешното зголемување на бројот на нови инфекции, изјави денеска норвешката премиерка Ерна Солберг. – Гледаме како инфекцијата се шири на многу места. Ова е загрижувачко. Затоа, ние веќе најавуваме дека националните ограничувања ќе бидат засилени следната недела. Мерките ќе бидат насочени кон …

Солберг: Норвешка следната недела ќе воведе построги мерки Read More »

Во Јужна Кореја починале 32 лица кои примиле вакцини против сезонски грип, се бара истрага


Јужнокорејскиот премиер Чунг Сје-кунг повика на истрага за смртта на десетици Јужнокорејци кои примиле вакцина против грип, јави ДПА. Триесет и две лица починаа по вакцинирање во последните неколку недели, но здравствените власти велат дека не нашле директна врска помеѓу жртвите и вакцината. Премиерот истакна дека властите треба да ја испитаат „каузалната врска“ и да …

Во Јужна Кореја починале 32 лица кои примиле вакцини против сезонски грип, се бара истрага Read More »