Хаос во Неапол по воведувањето карантин

Околу 2.000 луѓе се собраа на плоштадот Санта Луција во Неапол, вчера  вечерта, во знак на протест против ограничувачките мерки кои регионот Кампанија ги воведе поради вирусот корона, пренесоа италијанските медиуми.

Собраните демонстранти извикуваа „сакаме слобода“, а потоа се собраа околу зградата на регионалната влада и го блокираа пристапот од страна на морскиот брег.

Италијанските медиуми јавуваат дека демонстрантите стигнале до шеталиштето од неколку насоки и дека се движеле низ централните делови на градот.

Полицијата во Неапол реагираше брзо и ја заштити зградата на регионалната влада.Имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите кои фрлаа со топовски истрели кон полицијата. Полицијата со солзавец се обиде да ги растера демонстрантите.

Според првите извештаи, еден полицаец бил ранет кога бил нападнат од шест или седум демонстранти, пренесуваат италијанските медиуми.Сообраќајот во тој дел на Неапол е целосно блокиран.