И полскиот претседател Анджеј Дуда позитивен на коронавирус


Анкетарите велат дека Анджеј Дуда веројатно ќе победи на изборите кои веројатно ќе се одржат на 28 јуни, но ќе мора да оди во вториот круг

Полскиот претседател Анджеј Дуда е позитивен на коронавирусот, објави денеска неговиот портпарол Блажеј Спихалски.

Тој напиша на Твитер дека Дуда се чувствува добро.

„Претседателот вчера беше тестиран на коронавирусот и резултатот е позитивен. Тој се чувствува добро. Ние сме во постојан контакт со надлежните медицински служби”, напиша Спихалски.