Првото независно радио во Унгарија престанува со работа


Унгарија– Првата независна радиостаница во Унгарија ќе престане да емитува програма откако изгуби жалба во Апелацискиот суд за одземање на лиценцата поради кршење на правилата. Шефот на Клубрадио, Андраш Арато ја оцени одлуката на судот како „срамна и кукавичка“. – Тоа предизвикува нова загриженост во врска со слободата на медиумите во Унгарија. Ќе поднесеме жалба …

Првото независно радио во Унгарија престанува со работа Read More »

Белгија со вакцината на АстраЗенека ќе имунизира луѓе на возраст под 55 години


Белгија– Белгија месецов ќе искористи 443.000 дози вакцини на АстраЗенека против коронавирусот за вакцинирање на лица помлади од 55 години. Ова ќе се направи поради недостиг на податоци за ефикасноста на вакцината кај постарите лица. За време на вакцинацијата, приоритет ќе имаат здравствените работници и луѓето во домовите за стари лица, како и хронично болните и полициските службеници ангажирани на …

Белгија со вакцината на АстраЗенека ќе имунизира луѓе на возраст под 55 години Read More »

Борел возврати на критиките: Полесно ќе беше да седам во канцеларија


Белгија – Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, попладнево се соочи со гневот на европратениците поради неговата посета на Москва минатата недела, тој прифати некои од забелешките, но смета дека одлуката за посета на Русија останува оправдана, јавува дописничката на МИА од Брисел. Борел минатата недела ја посети официјално Москва и одржа прес …

Борел возврати на критиките: Полесно ќе беше да седам во канцеларија Read More »

Германија го зголемува буџетот за купување вакцини против Ковид-19


 Германската Влада планира да стави на располагање дополнителни 6,2 милијарди евра за набавка на вакцина против Ковид-19 на европско ниво, се вели во писмо на германското Министерство за финансии до парламентарниот комитет за буџет. Дополнителните трошоци се резултат на купувањето кое Европската комисија веќе го направи, преговорите со други производители на вакцини и независните германски преговори со одделни компании, се вели …

Германија го зголемува буџетот за купување вакцини против Ковид-19 Read More »

Британија со заострени мерки за патниците од други земји, за непочитување можен е и затвор


Од следната недела властите во Велика Британија ќе воведат построга гранична контрола со цел да се спречи ширењето на новите варијанти на корона вирусот, барајќи хотелски карантин за луѓе кои доаѓаат во земјата. Властите се заканија – доколку не се почитуваат мерките можна е и затворска казна до 10 години. Министерот за здравство Мет Хенкок …

Британија со заострени мерки за патниците од други земји, за непочитување можен е и затвор Read More »

Ескалираа протестите во Мјанмар


Полицијата во Мјанмар одговори на протестите со зголемено насилство, користејќи водени топови, гумени куршуми и боева муниција во обид да ги задуши демонстрациите по минатонеделниот воен удар. Една жена е во критична состојба, јавија светските медиуми. Десетици илјади незадоволни граѓани излегоа на улиците во знак на протест против забраната за митинзи и воениот удар. Последните …

Ескалираа протестите во Мјанмар Read More »

ЕУ е загрижена поради системската измама при јавните набавки во Унгарија


Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и препорача на Унгарија да го реформира законодавството во областа на јавните набавки поради спречување на системската измама. Тоа треба да се случи пред да бидат обезбедени милијарди евра од фондот на ЕУ за закрепнување од пандемијата, се наведува во внатрешен документ во кој имале увид западни медиуми. …

ЕУ е загрижена поради системската измама при јавните набавки во Унгарија Read More »

Илјадници возачи во Германија останаа заробени во снегот, некои и над 16 часа


Германија– Илјадници возачи се заглавени во Германија како резултат на најобилните снежни врнежи во последните неколку години, што предизвика хаос во транспортот. Обилниот снег предизвика прекин на сообраќајот на автопатот А2 кај градот Билефелд во Северна Рајна-Вестфалија. Некои возачи останаа заробени во снегот по најмалку 16 часа, пишуваат локалните медиуми. Застојот е предизвикан од камиони …

Илјадници возачи во Германија останаа заробени во снегот, некои и над 16 часа Read More »

Кој се крие и што се крие во регистрите на Луксембург?


Корпорации, милијардери, уметници, спортисти, криминалци: поради даночните бенефиции, малиот Луксембург крие големи тајни, покажува истрагата  објавена од весникот „Ле Монд“. Според весникот дури 55.000 офшор компании работат во земјата, управувајќи со средства од 6 трилиони евра. „Ова е добро чувана тајна, постојана мистерија, прашање што не е решено со години: што крие финансискиот центар во …

Кој се крие и што се крие во регистрите на Луксембург? Read More »

Научниците на СЗО не открија големи нови работи во Вухан


Неверојатно е вирусот да тргнал од лабораторија во Кина, соопштија истражителите на СЗО во Вухан. Првиот регистриран случај во Вухан не е поврзан со пазарот Хуанан   Исклучително неверојатно е коронавирусот да почнал по инцидент во лабораторија во Кина, изјавија денеска истражители на Светската здравствена организација, кои веќе неколку дена се обидуваат да го расветлат …

Научниците на СЗО не открија големи нови работи во Вухан Read More »

Иран почна вакцинација против Ковид-19


Иран денеска почна кампања за вакцинација на населението против коронавирусот. – Почнавме национална вакцинација против Ковид-19, истакна иранскиот претседател Хасан Рохани, кој преку видео-конференција учествуваше на церемонијата организирана во болница во Техеран. Пред почетокот на вакцинацијата Рохани им оддаде почит на здравствените работници кои ги загубија своите животи во борбата против коронавирусот. Првиот контингент на …

Иран почна вакцинација против Ковид-19 Read More »

Снежното невреме предизвика хаос на автопатите во Германија


Невремето со големи снежни вренежи предизвика хаос на патиштата низ Германија, а на автопатот А2 бројни возачи ја поминаа цела ноќ во своите возила. На А2 кај Билефелд, по сообраќајка, се формира колона долга повеќе десетици километри, која ги парализира возилата повеќе од 16 часа. Автопатот беше затоврен во двата правци, откако камиони се излизгаа. …

Снежното невреме предизвика хаос на автопатите во Германија Read More »

Штајнмајер ја налути Украина


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер ја разлути Украина со изјавите за дипломатската вредност на гасоводот Северен поток 2, преку кој треба да се доставува руски гас во Европа. Украинскиот амбасадор во Берлин, Андриј Мелник за германската новинска агенција ДПА изјави дека „сомнителните историски аргументи“ на Штајнмајер во Украина предизвикале „чудење и индигнација“. Претходно, Штајнмајер во интервју …

Штајнмајер ја налути Украина Read More »

Денеска почнува процесот против Доналд Трамп во Сенатот на САД


Постапката за отповикување на Доналд Трамп почнува денеска во амриканскиот Сенат по забрзана постапка. Поранешниот претседател на САД обвинет е за поттикнување бунт во говорот кон приврзаниците пред протестот кај американскиот Конгрес на 6 јануари. Демократите велат дека имаат несоборливи докази за негова вина, додека неговиот тим од одбраната тврди дека демонстрантите делувале самостојно. Одбраната …

Денеска почнува процесот против Доналд Трамп во Сенатот на САД Read More »

Тешки денови во Јуроњуз – новинарите во штрајк


Новинарите, техничарите и административниот персонал се собираат денеска во 9:30 часот пред седиштетот на телевизиската мрежа Јуроњуз во Лион, Франција, на 24-часовен штрајк, повикувајќи на „реален план“ за иднината на телевизијата, што не вклучува отпуштања или влошена услови за работа. Портпарол на Јуроњуз изјави дека компанијата го почитува правото на вработените да преземат индустриска акција …

Тешки денови во Јуроњуз – новинарите во штрајк Read More »

За влез во Велика Британија задолжителен е карантин и два теста


Сите патниците кои од денеска ќе пристигнат во Велика Британија ќе мора да бидат тестирани на Ковид-19 вториот и осмиот ден, јавија британските медиуми. Правилото ќе важи за сите патници, а не само за тие што пристигнуваат од земјите во црвена зона, како и за тие што ќе бидат во хотелски и во домашен карантин. …

За влез во Велика Британија задолжителен е карантин и два теста Read More »

Јужноафриканската Република ќе ја замени вакцината на „АстраЗенека“ со онаа на „Џонсон& Џонсон“


Јужноафриканската Република (ЈАР) почнува кампања за имунизација со вакцината на „Џонсон&Џонсон˝ против Ковид-19 откако истражувањата покажаа дека планираната вакцина на „АстраЗенека“ дава намалена заштита од доминантниот вид на коронавирусот во оваа земја. „Нашиот план да почнеме со имунизација не е променет, освен што ќе почнеме со вакцината на „Џонсон&Џонсон“ место со вакцината на „АстраЗенека“, се …

Јужноафриканската Република ќе ја замени вакцината на „АстраЗенека“ со онаа на „Џонсон& Џонсон“ Read More »

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат


Изборната комисија на американската сојузна држава Џорџија и официјално отвори истрага за телефонскиот разговор во кој поранешниот претседател Доналд Трамп вршел притисок врз службено лице да го смени изборниот резултат во оваа држава, во која победи неговиот противкандидат Џо Бајден. Истрагата е отворена откако вчера официјално тужба поднесе еден професор по право, обвинувајќи го Трамп …

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат Read More »

Во ЕУ се собираат потписи за смена на Борел по „понижувачката“ посета на Русија


Урсула фон дер Лајен, и самата растресена поради фијсакото со вакцината, го поддржа шефот на европската дипломатија   Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ја има „целосната поддршка“ на Урсула фон дер Лајен, изјави портпарол на претседателот на Европската комисија во понеделникот, и покрај тоа што повеќе од 70 европратеници кои побараа оставка …

Во ЕУ се собираат потписи за смена на Борел по „понижувачката“ посета на Русија Read More »

Десничарската Народна партија во Шпанија на суд поради голема корупција


Процесот против поранешниот партиски благајник Луис Барсенас открива страшни шеми на корупција на двајца некогашни десничарски премиери   Судењето на клучната фигура во скандалот со нелегалното финансирање во која е вклучена шпанската десничарска Народна партија (ПП), започна во понеделникот, а обвинетиот вети целосно признание, што директно го вмешува поранешниот премиер. Случајот се темели на систем …

Десничарската Народна партија во Шпанија на суд поради голема корупција Read More »