Нов Зеланд и Грција не престануваат да се тресат, земјотреси со јачина од 6 односно 7 степени


 

Грција и Нов Зеланд не престануваат да ги тресат земјотреси. По силниот земјотрес денеска порано на Нов Зеланд, чија јачина се проценува на околу 7 степени, попладнево се случи уште еден со јачина од 7,4 степени според Ритер, јавуваат светските медиуми.

Епицентарот овојпат, бил посеверно во океанот, кај островите Кермадек.

Тоа е втор земјотрес над 7 степени за само неколку часа, а властите предупредија на можно цунами, па ги повикаа граѓаните кои живеат на брегот да се качат на блиските ридови.

Во соседна Грција пак, по силниот земјотрес од вечра, кај Лариса, што се почувствува и во регионот, па и во Скопје, денеска е регистриран уште еден со јачина од 6 степени според Рихтер.

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала се случи во 18.38 по средноевропско време во Грција. Потресот беше почувствуван и во соседните земји.

Вчера жителите на Лариса беа вознемирени од силен потрес кој предизвика само материјална штета на постарите објекти.